Црна хроника
На Богородица запленети 38 килограми хероин вреден милион и пол евра

Во четврток на граничниот премин Богородица, царинските службеници од Одделението за оперативни работи, во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи, спречија обид за криумчарење на 38 килограми хероин
Дрогата е откриена во четврток навечер околу 21.30 часот, во „мерцедес“ со германски таблички, управуван од германски државјанин, кој се пријавил за излез од Македонија. Автомобилот претходна бил издвоен од припадниците на Одделот за организиран криминал на МВР и упатен на царинскиот терминал Богородица каде бил скениран. Дрогата била најдена во подвозјето, странично меѓу предните и задните тркала, во две метални кутии. Дрогата била спакувана во 38 правоаголни пакетчиња, облепени со кафеав селотејп. При отворање на едно од пакетчињата беше забележана непозната кафеава прашкаста материја со остар мирис, за која по тестирањето со помош на тестер за дрога е утврдено дека е хероин. Цената на заплената дрога е проценета до милион и пол евра „на ситно“ на црниот пазар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Tри девојчиња нападнале 15-годишна тинејџерка во Карпош

Во Карпош пред два дена, 15-годишно девојче било нападнато од три малолетнички, информира СВР Скопје.
Инцидентот бил пријавен в од страна на нејзината мајка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Во истата скопска општина, вчера бил пријавен и случај со насилство врз 10-годишно момче во основно училиште.
Црна хроника
Жена се повредила додека влегувала во лифтот во МРТ

Вчера во Градската општа болница Св.Наум Охридски била донесена Е.Т.(52) од Скопје.
Според информацијата од полицискиот билтен, жената се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ.
За настанот бил известен трудов инспектор.
Топ
10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош.
Според информацијата, вчера околу 14:30 часот во ходник од основно училиште, 10-годишно дете било физички нападнато од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.