Свет
Столтенберг: НАТО нема да се меша во изборите во САД

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека алијансата, без оглед на исходот од изборите во ноември во САД, ќе остане основа на безбедноста за сите 30 сојузници.
„Во интерес на Европа и Северна Америка е да застанат заедно, особено во сè понепредвидливиот свет каде што гледаме нови безбедносни предизвици и промена на рамнотежата на моќта со Русија и Кина“, рече Столтенберг.
Одговарајќи на прашањето за можното влијание на исходот од претседателските избори во САД врз соработката во рамките на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Северноатлантскиот сојуз никогаш не се меша во политичките процеси на ниту една од 30-те демократии, членки на алијансата.
Тој изјави дека меѓу сојузниците има различни ставови за прашањата на распределбата на трошоците, трговијата и климатските промени, но дека сојузниците на НАТО секогаш стојат рамо до рамо кога станува збор за главните цели на алијансата, а тоа се одбраната и заштитата.
„Станува сè поважно, вклучително и за САД, да имате 29 пријатели и сојузници кои нè прават сите заедно посилни и побезбедни“, вели Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.
Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

3Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека тој е на иста страна за сите прашања со него.
„Разговаравме за многу теми“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи. Тој додаде дека „телефонскиот повик поминал многу добро“.
Трамп и Нетанјаху се сретнаа двапати во Белата куќа од почетокот на мандатот на Трамп и се верува дека Нетанјаху е повеќе за политиката на Трамп отколку за администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден
Свет
Објавени последните зборови на папата

Последните зборови на папата Франциско беа благодарност до неговиот здравствен асистент кој му помогна да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар на Велигден, соопшти Ватикан.
„Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Франциско на Масимилијано Страпети, кој во изминатиот период му обезбедуваше 24-часовна нега на папата.
Папата Франциско (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина пет недели во болница со двојно воспаление на белите дробови, но се врати во Ватикан пред речиси еден месец и оттогаш се чинеше дека се опоравува.
Последните денови ги поминал работејќи, спротивно на советите на лекарите кои го советувале да мирува најмалку два месеци за да му овозможи на телото да закрепне.
Погребот на папата ќе се одржи в сабота.