Свет
Примирје само на хартија, продолжуваат борбите во Нагорно-Карабах
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека борбите околу Нагорно-Карабах на целата линија на фронтот продолжиле и денес.
Според соопштението на Министерството, борбите се воделе со различен интензитет вчера и во текот на ноќта во правец Агдера-Агдам, Физули-Џабраил и Зангилан-Кубадли.
„Непријателот со лесно оружје, минофрлачи и топови ги гранатираше одбранбените позиции на азербејџанската армија“, се наведува во соопштението, јавува TАСС.
Се додава дека азербејџанските сили ја принудиле ерменската страна да се повлече од важните точки и бројните позиции во областа Кубадли, со големи загуби на луѓе и оружје.
Ерменија и Азербејџан го постигнаа вториот договор за хуманитарен прекин на огнот во саботата, кој стапи на сила на полноќ по локално време, но двете земји веднаш започнаа меѓусебно да се обвинуваат за кршење на примирјето.
Обновените судири околу Нагорно-Карабах избувнаа на 27 септември откако азербејџанските и ерменските сили се судрија на границата меѓу двете земји во текот на летото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

