Македонија
Шахпаска: Приоритет ни е унапредувањето на правата на лицата со попреченост
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со претставници од Ресурсниот центар на родители на деца со попреченост на која се разговараше за досегашната работа на здружението и можностите и потребите за унапредување на правата на лицата со попреченост во сите сегменти на нивниот живот.
Од страна на претставниците на Ресурниот центар на родители на деца со попреченост беше истакнато дека целта на самото основање на центарот е обезбедување поддршка, помош, пристап до информации и обезбедување на остварување на правата на лицата со попреченост и нивните семејства.
Министерката го истакна значењето на подигнување на јавната свест во општеството и одговорност за доследно почитување на правата на лицата со попреченост, со цел нивно целосно вклучување во општеството и обезбедување еднакво општество за сите.
Како дел од активностите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална работа, а се во насока на обезбедување социјални услуги во заедницата за децата и лицата со попреченост, министерката го посочи отворањето на новиот дневен центар за лица со попречености, кој е во склоп на Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје и подготовката на нов дневен центар за деца/лица со аутизам во општина Карпош, Скопје. Исто така, посочи дека до крајот на 2020 година ќе се донесе одлука за целосна трансформација на ЈУ „Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје“во модерен центар кој ќе обезбедува услуги во заедницата за децата/лицата со попреченост и неговата нова функција и прилагодување ќе се изврши со вклучување на родителите на децата со попреченост, во делот на утврдување на нивните потреби, но и преку совети за видот и типот на сервиси кои ќе бидат отворени.
Двете страни изразија уверување дека соработката ќе продолжи и понатаму со цел обебедување и заштита на правата на лицата со попреченост во нашата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

