Вести
Путин во новогодишната честитка порача дека Крим ‘е вратен дома’

Рускиот претседател Владимир Путин преки телевизиското обраќање во средата порача дека „враќањето дома“ на црноморскиот полуостров Крим кој во март преки референдум си ја поврати на автономијата и изгласа присоединување кон Русија што Западот го смета за руско анектирање на украинската територија, ќе остане важно поглавје во руската историја.
Руската економија се движи кон рецесија, во којашто претставува најголем предизвик за 15-годишниот предизвик за претседателот Владимир Путин, бидејќи Западот воведе санкции против Русија и притиска за намалување на цените на нафтата која е главниот руски извозен производ. Но пораката на Путин има силна поддршка во Русија во чијашто историја Крим е длабоко врежан со жртви во многуте војни и отсекогаш се сметал за дел од Русија поради заедничката историја и мнозинското руско население таму.
„Љубовта кон татковината е едно од најсилните и највозвишените чувство. Се гледа во полноста и братската поддршка на народот на Крим и Севастопол, кога резолутно одлучија да се вратат дома“ Тој настан засекогаш ќе остане во нашата историја како многуважен период“, рече Путин.
Крим кој во комунистичката историја на Советскиот сојуз административно е пренесен во составот на Украина како автономна република, автономија која е укината во 1990-те со осамостојувањето на Киев, во март се побуни откако прозападните преку крвави протести го соборија претседателот Виктор Јанукович кој беше обвинет за свртување на земјата кон Москва, и тамошно доминантно руско и рускојазично население се реши да се присоедини кон Руската Федерација, што предизвика повеќекратни санкции од Западот и заладување на односите не нивото од крајот на блоковската Студена војна.
Сепак, неподелен е впечатокот што го илустрираат и анкетите, дека популарноста на Путин се зголеми уште повеќе поради неговите цврсти ставови во украинската криза, но Западот предупредува дека економската криза, како резултат на неговите санкции токму поради ваквите ставови на рускиот претседател, претставува закана за стабилноста и развојот на Русија, очекувајќи дека тоа ќе го поткопа неговиот углед.
Економистите предвидуваат дека следната година руската економија ќе падне за околу 4,5 отсто, доколку просечната цена на нафтата остане на нивото близу 60 долари за барел
„Годината ќе биде онаква каква што ние ќе ја направиме. Мораме да го исполниме, да го спроведеме сето она што го планиравме поради нас самите, поради нашите деца и татковината“, порача Путин.
Новогодишната порака на Путин беше пренесена преку државната телевизија прво на Далечниот исток, повеќе часови пред да биде емитувана во Москва, каде што вообичаено се емитува непосредно пред полноќ.
Во една од пораките до своите странски колеги, Путин му се обрати и на украинскиот претседател Петро Порошенко, кому му ја честиташе Новата година изразувајќи надеж за „плодна соработка на настапувачката 2015 година“.
Рускиот претседател им упати новогодишни честитки и на другите светски лидери, како што се германската канцеларка Ангела Меркел на која ѝ порача дека се надева на продолжување на „конструктивниот дијалог“, и јакнење на партнерството меѓу двете земји, на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, папата Франциск, на латиноамериканските лидери и на десетици меѓународни организации меѓу кои и на Меѓународниот олимписки комитет.
Во пораката до американскиот претседател Барак Обама, Путин го потсети американскиот колега дека во 2015-та се одбележуваат 70 години од крајот на Втората светска војна, порачувајќи му дека во неа „двете земји се бореа рамо до рамо со сојузниците“. Според Путин, овој историски датум потсетува на одговорноста што ја имаат Русија и САД за одржување на мирот и меѓународната стабилност, „Руско-американското партнерство може да се развива успешно само доколку е темелено на еднакви права и заемно почитување“, порача рускиот челник./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.