Македонија
Георгиевски во Софија на средба со Захариева
Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева.
Информацијата ја потврди партијата, но нема повеќе детали од средбата.
Бугарската министерка ја објави веста на својот „Фејсбук“ и сподели фотографии.
С екипа ми имахме ползотворна среща днес с нашия приятел от Република Северна Македония и неин премиер (1998-2002 г.) Любчо Георгиевски.
Posted by Екатерина Захариева on Четврток, 22 октомври 2020
„Јас и мојот тим денеска имавме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзин премиер (1998-2002), Љубчо Георгиевски“, напиша Захариева.
Георгиевски претходно најави дека денеска ја почнува турнејата за лобирање Бугарија да не ја блокира Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицотакис ја повика новата Влада да го почитува преспанскиот договор: „Ако не се случи тоа, ќе имаме проблем“
Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во интервју за грчката телевија „Алфа“ повика на почитување на Преспаснкиот договор, од страна на новата Влада.
„Истите барања постојат и сега од новото раководство на Северна Македонија. Сакам да се надевам дека она што се слушаше пред изборите нема да биде официјален став на новата влада по изборите. Затоа што ако тоа се случи, ќе имаме проблем“, рече Мицотакис, коментирајќи го тоа што ВМРО-ДПМНЕ во слоганот го користеше името Македонија.
Тој рече и дека со загриженост ги следел изјавите на функционерите на ВМРО, а сега со голем интерес го чека официјалниот став на новиот премиер за да види на кој начин ќе се осврне на името на државата.
Мицотакис додаде и дека тој лично не се согласувал со договорот од Преспа, а особено не се согласувал со, како што вели, агресивното дефинирање на македонската нација и јазик.
„Договорот сепак го прифатив во контекст на континуитетот на државата. Сфатив дека морам да го почитувам“, рече Мицотакис.
Македонија
Силјановска на нејзиниот роденден го доби уверението за претседател, ДИК и’ посака успешен мандат
Државната изборна комисија и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска Давкова, која денес го прославува својот 71. роденден.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, врачувајќи и’ го Уверението на Давкова, од име на Комисијата и’ посака успешен мандат како шеф на државата.
Претходно, на седницата во ДИК беше усвоен Заклучокот за конечност на резултатите од гласањето на изборите на 8 мај.
Државната изборна комисија утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, вкупниот број на избирачи кои гласале бил 861.218, вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња 953.121, вкупниот број на важечки ливчиња 812.899, вкупниот број на неважечки ливчиња 48.289 а процентот на избирачи кои гласале е 47.47 отсто.
Силјановска Давкова освои 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски кој има 251.899 гласови.
ДИК ќе треба да достави извештај до Собранието за да биде закажана седница за утрешната инаугурација на Силјановска Давкова. Потоа таа пред пратениците ќе треба да даде свечена изјава по која ќе почне нејзиниот мандат. Мандатот на Пендаровски истекува утре.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби
„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи.
Обидите на ДУИ да се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго туку фасада за прилепување до власта по секоја цена. Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските Албанци „Вреди“, се залага за правда, транспарентност и вистинска застапеност за сите граѓани на Македонија.
Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби.
Нашиот фокус е поддржување на владеењето на правото, промовирање на единството и унапредување на интересите на сите граѓани, без разлика на етничката припадност.
Ја повикуваме ДУИ конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации.
Иднината на Македонија е во единството, а не во поделбата“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ