Спорт
ЛЕ: Милан победи во Глазгов, рутина за Тотенхем и Лестер

Дуелот на двата поранешни европски шампиони, Селтик и Милан, заврши со нова победа на „росонерите“ (1:3) на отварањето на Лига Европа, англиските клубови Тотенхем и Лестер забележаа рутински победи, додека балканските тимови немаа многу среќа – Црвена звезда загуби кај Хофенхајм (2:0), Динамо Загреб со многу среќа одигра 0:0 со Феенорд, додека Лудогорец загуби дома од Анверпен.
На „Селтик парк“, Милан дојде во водство уште во 14-тата минута со првиот гол на Раде Круниќ во дресот на „росонерите“, а Брахим Дијаз во 42. минута зголеми на 0:2. Шкотскиот шампион го направи мечот интересен со голот на Мохамед Ел Јунуси во 75. минута од мечот, но неговиот норвешки сонародник Јенс Хауге во 92. минута ја потврди победата на тимот на Стефано Пиоли.
Тотенхем со 3:0 лесно го совлада ЛАСК Линц со головите на Лукас Моура и Сон Хеунг-Мин, а и Лестер имаше лесна победа, од 3:0 над украинскиот клуб Зорја. Црвена звезда постигна гол кој беше поништен поради офсајд, пред Баумгартнер да им донесе 2:0 победа на Хофенхајм. Во Загреб пак, Динамо и покрај досудениот пенал за Феенорд изддржа за 0:0 реми.
ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА Г
Брага – АЕК 3:0
Лестер – Зорја Луханск 3:0
ГРУПА Х
Селтик – Милан 1:3
Спарта Прага – Лил 1:4
ГРУПА И
Макаби Тел Авив – Карабаг 1:0
Вилјареал – Сиваспор 5:3
ГРУПА Ј
Лудогорец – Антверпен 1:2
Тотенхем – ЛАСК Линц 3:0
ГРУПА К
Динамо Загреб – Феенорд 0:0
Волфсбергер – ЦСКА Москва 1:1
ГРУПА Л
Хофенхајм – Црвена звезда 2:0
Слован Либерец – Гент 1:0
СЕЛТИК – МИЛАН
ЛЕСТЕР – ЗОРЈА
ТОТЕНХЕМ – ЛАСК
ВИЛЈАРЕАЛ – СИВАСПОР
ХОФЕНХАЈМ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
СПАРТА ПРАГА – ЛИЛ
ЛУДОГОРЕЦ – АНТВЕРПЕН
ВОЛФСБЕРГЕР – ЦСКА МОСКВА
ЛИБЕРЕЦ – ГЕНТ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпијакос ја освои титулата во Грција

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос во финалето на грчката лига и ја освоија шампионската титула.
Невидени тензии владееја во Грција за време на финалната серија помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос, буквално беше борба на „живот и смрт“.
Дури и сопствениците на двата тима беа вмешани во сè, а Владата на Грција речиси ја прекина финалната серија, што никогаш не се случило во историјата на грчкиот спорт.
Олимпијакос го победи Панатинаикос со 85:71 во салата „Мир и пријателството“ и ја освои шампионската титула.
Ова беше четвртиот натпревар во финалната серија, а Олимпијакос победи со 3-1, завршувајќи го најдраматичното финале во грчката историја со шампионска прослава.
Шакил Мекисик беше најефикасен со 20 поени, додека Тајлер Дорси имаше 17, Еван Фурние го заврши натпреварот со 13 поени, 6 скока и 4 асистенции, Алек Питерс имаше 11, а исто така и Никола Милутинов со 10 скока, додека Саша Везенков имаше само 2 поени, кој го повреди глуждот и беше изнесен од теренот.
Во редовите на Панатинаикос, Кендрик Нан постигна 18 поени, додека Костас Слукас постигна 11 со 2 скока и 7 асистенции, Грант додаде 10, а Хуанчо Ернангомез имаше 9 со 9 скока.
Спорт
(Видео) Мората трагичар, Португалија ја освои Лигата на нации

Португалската фудбалска репрезентација ја освои Лигата на нации за оваа година по подоброто изведување на пенали во финалето против Шпанија.
Ова е втор пат Португалците да го освојат ова натпреварување, тие беа победници на првото, а сега станаа првата репрезентација што го освоила купот двапати.
Натпреварот во регуларниот дел и по дополнителните 30 минути заврши 2:2, а Португалците пенал серијата ја добија со 5:3.
Шпанците два пати имаа предност, со головите на играчите на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди и Микел Ојарзабал, Португалците се враќаа во натпреварот преку Нуно Мендеш и Кристијано Роналдо.
Трагичар во пенал серијата беше Алваро Мората, чии удар во четвртата серија го одбрани Диого Кошта.
За најдобар играч на завршниот турнир е прогласен левиот бек на Португалија, кој на 31.мај со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Нуно Мендеш.
Спорт
Спектакл во Париз – Алкараз се врати од 0:2 спаси три меч топки и го победи Синер

Шпанецот Карлос Алкарас, во спектакуларно финале, едно од најдобрите во историјата на тенисот, успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос. Алкараз, против првиот светски рекет, Јаник Синер, се врати по негативата од два сета, во четвртиот спаси три меч топки и славше победа 4:6, 6:7, 6:4, 7:6, 7:6.
Епското финале на стадионот „Филип Шатрие“ траеше пет часа и 31 минута. Пресвртна точка во мечот беше 10.гем во четвртиот сет. Синер, кој претходни ги доби првите два сета, па Алкараз намали на 2.1, имаше три меч топки, но Алкараз волшебно се извлече, нарави брејк, а потоа во тај-брејкот изедначи на 2:2.
Во решавачкиот сет, се случи брејк на Алкараз на стартот, потоа Шпанецот во 10.гем сервираше за победа, но Синер се врати избори супер тај-брејк, во кој беше прегазен од Шпанецот со 1:0.
Алкараз и Синер прв пат играа еден против друг во Гренд слем финале. Мечот во Париз беше 12, Алкараз сега води со 8:4. Шпанецот ги доби последните пет дуели.