Спорт
ЕХФ за „ненормалните“ 13 голови на Карачиќ против ПСЖ

Игор Карачиќ имаше брутална партија во триумфот на Кјелце над ПСЖ 35:33, во ЕХФ Лигата на шампионите.
Поранешниот играч на Вардар со 13 голови го урна најбогатиот клуб во светот во чии редови играат големите ракометни ѕвезди. Лука Карабатиќ, Микел Хансен, Феран Соле, Виран Мороз, Хенрик Тофт Хансен, Недим Ремили, Даинис Криштопанс…а на клупата седи Раул Гонзалес.
Играта на двојниот европски првак со Вардар, ги воодушеви луѓето од ЕХФ, кои на официјалниот профил на „Твитер“ на пишаа дека Карачиќ постигнал „ненормални“ 13 голови.
WATCH: Lucky 13 for Igor Karacic – the @kielcehandball centre back netted an insane 13 times tonight and finished off in style. #ehfcl pic.twitter.com/QD6RyYQpSC
— EHF Champions League (@ehfcl) October 22, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Готово е, Де Брујне ќе потпише за Наполи

Кевин Де Брујне (33) ќе стане нов играч на Наполи, објави Фабрицио Романо. Најпознатиот фудбалски инсајдер напиша „here we go“, што значи дека трансферот е завршен и дека се чека само да биде официјализиран.
Репрезентативецот на Белгија, како слободен играч бараше нов клуб откако му истече договорот со Манчестер сити, каде што стана еден од најдобрите фудбалери во светот.
Се пишуваше дека може да ја продолжи кариерата во МЛС или Саудиска Арабија, но одлучи да остане во Европа и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите со италијанскиот шампион.
„По лекарските прегледи и другите формалности, ќе потпише двегодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона“, откри Романо.
Финснаките детали се уште не се познати, но италијанските медиуми претходно пишуваа дека Наполи му понудил 27 милиони евра за три сезони.
Кариерата, Де Брујне ја започнал во Генк, а потоа играше за Челзи, Вердер и Волфсбург. Дојде во Манчестер сити во 2015 година и долги години беше главен играч на тимот што владееше во Премиер лигата. Со клубот од Манчестер, тој ја освои Лигата на шампионите и уште 17 трофеи.
Одигра 111 натпревари за белгиската репрезентација и постигна 31 гол. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 20 милиони евра, а неговата највисока вредност според овој портал, специјализиран за фудбалски трансфери, била 150 милиони евра во мај 2018 година.
Спорт
Дурент посакува трејд во Сан Антонио

Кевин Дурент, еден од најдобрите играч во НБА бара начин да го напушти Феникс. Дурент има договор и за следната сезона, според кој треба да заработи 55 милиони долари, меѓутоа минимални се шансите да остане во Аризона.
Според инсајдерот Зак Лоу, Мајами Хит подготвуваат понуда, се обидуваат да состават вистински пакет за размена за да го доведат Дурант во Флорида.
Од друга страна, Дурант наводно ги претпочита Сан Антонио Спарс како прва опција. Тие се подготвени да вклучат тројца играчи во размената.
Спарс беа поврзувани со Јанис Адетокумбо во претходните месеци, па се чини дека тие исто така подготвуваат сериозен потег, покрај својот млад бисер Виктор Вембањама, да донесат суперѕвезда со која тимот би станал конкурентен во борбата за титулата.
Дурант одигра 62 натпревари во регуларната сезона оваа сезона, имаше просек од 26,6 поени, шест скока и 4,2 асистенции по натпревар.
Триесет и седумгодишникот ја започна својата кариера во Оклахома, а играше и во Голден Стејт и Бруклин.
Спорт
По УЕФА и КОНКАКАФ го одби Гренланд
Фудбалскиот сојуз на Гренланд (КАК), објави дека одбиено е нивното барање за членство во КОНКАКАФ, фудбалската конфедерација што ги обединува земјите од Централна, Северна Америка и Карибите.
„Добивме кратко писмо од генералниот секретар Филипе Моџо со кое се одбива нашето барање за приклучување кон КОНКАКАФ како 42-ра земја членка“, изјави претседателот на КАК, Кенет Клајст, во соопштение објавено на Фејсбук.
Фудбалскиот сојуз на Гренланд аплицираше за членство пред една година, во време кога автономниот дански регион стана предмет на политички интерес од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
КАК, основана во 1971 година, побара да се приклучи на КОНКАКАФ откако стана јасно дека не може да ги исполни критериумите за независност поставени од Европската фудбалска унија (УЕФА).
Според КАК, Гренланд е единствената територија во светот што не е дел од ниедна регионална фудбалска федерација, што го спречува да учествува во официјални меѓународни натпревари.
За Клајст, одбивањето од страна на КОНКАКАФ претставува „пораз за демократијата во фудбалот“.
„Оваа одлука не придонесува фудбалот да биде достапен за сите во светот и покажува колку е тешко за малите нации да добијат дозвола да играат под свое знаме“, додаде Клајст во соопштението.