Македонија
(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница
Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете земји, штом условите ќе го дозволат тоа. Ова го истакнаа на денешата прес-конференција премиерот Зоран Заев и неговиот косовски колега Aвдулах Хоти, кој е во официјалната посета на Северна Македонија.
„Нашите држави имаат интерес дополнително да ги засилиме и продлабочиме билатералните односи и соработката во сите области од взаемен интерес.Во таа насока очекуваме интензивирање на политичкиот дијалог и одржување на веќе најавуваната прва заедничка седница меѓу Владите на двете земји штом условите ќе го дозволат тоа. Тој настан ќе биде позитивен импулс за натамошен развој и интензивирање на нашите односи и севкупната соработка.Како придонес кон натамошно зацврстување на добрососедските односи очекувам дека испраќањето на 44 припадници на Армијата на Северна Македонија во составот на КФОР ќе ја зајакне натамошната стабилност како на Косово, така и стабилноста и безбедноста на целиот регион“, истакна Заев.
Тој додаде дека со цел да се унапреди економската соработка и комуникацијата нагласено се работи на инфраструктурното поврзување на нашите земји како дел од регионалната соработка.
„Нашата географска блискост дополнително ќе ја приближи изградбата на автопатот Скопје – Приштина.Овој автопат е од посебно стратешко значење не само за нашите земји, туку и регионот.Од наша страна се во тек подготвителните работи за почеток на изградбата на автопатот Скопје – Блаце.Доказ за нашите искрени заложби за унапредување на соработката и овозможување слободен проток на лица и стоки, е големиот чекор, кој беше направен со отворањето на граничниот премин Белановце – Станчиќ“, исаткна премиерот.
За Северна Македонија без сомнеж Косово е еден од најзначајните трговски партнери.
„Трговската размена меѓу нашите земји се одвива слободно без царини, согласно ЦЕФТА Договорот и Договорот за економска соработка.За ова повеќе од јасно говорат бројките: Северна Македонија е една од 5-те држави со кои Косово остварува највисока трговска размена.И во вакви вонредни услови наметнати од Ковид-19 вкупната трговска размена заклучно со август 2020 е речиси 170 милиони евра“, вели Заев.
Според него, секое унапредување на односите меѓу соседите, носи стабилност и просперитет за целиот регион.
„Токму затоа го поздравуваме Договорот за нормализирање на економските односи меѓу Република Косово и Република Србија, кој беше постигнат во Вашингтон. Воедно даваме поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој е воведен од Европската Унија. Искрено посакуваме успех. Поддржуваме заемно прифатливо решение кое ќе го гарантира и зацврсти мирот и безбедноста во нашиот регион, ќе овозможи просперитетна иднина за сите граѓани и ќе го забрза процесот на интегрирање во ЕУ.Во оваа прилика сакам да ја искажам нашата искрена поддршка на Косово што поскоро да постигне напредок во интеграцијата кон ЕУ, преку Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и во добивањето на визна либерализација“, истакна премиерот.
„Нашиот народ вели дека соседите не се бираат, но секогаш први притекнуваат на помош. Токму затоа очекуваме Косово да се вклучи во засилената регионална соработка, која ја предводат Северна Македонија, Србија и Албанија, со цел нејзиниот инклузивен карактер да биде приоритет за регионот, без разлика на отворените политички прашања.Ова е пред сè од интерес на нашите граѓани, првенствено за имплементацијата на четирите слободи на ЕУ во Западниот Балкан: слободното движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, а што ќе овозможи и побрза интеграција и усогласување со Европската Унија.Токму заедничкиот ангажман, кој произлегува од самиот регион, ќе претставува силна додадена вредност за нашата европска перспектива и за веќе постојните иницијативи кои се во таа функција – Берлинскиот процес и Регионалниот совет за соработка“, додаде тој на прес-конференција.
Во услови пак на светска пандемија кога границите меѓу двете земји се се уште отворени и се патува без ПЦР тестови косовскиот премиер изјави дека ресорните министерства се во постојана комуникација и дека доколку треба да се преземат посериозни чекори, тоа нема да биде за ограничување при влез и излез, туку поради заштита на граѓаните на двете држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

