Регион
Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во Италија или Белгија.
Контејнерот во кои беа најдени седум тела во распаѓање, пред три месеци од Србија заминал за Парагвај преку Аргентина.
„Б92“ пишува дека починати се четворица Мароканци, двајца Алжирци и еден Египќанец. Се претпоставува дека тие починале кусо по тргнувањето на пат, а нивните тела се распаѓале со месеци.
Според податоците што вчера во јавноста ги изнесоа локалните власти, несреќните мигранти минале скоро 20.000 километри, а со себе имaле хрaнa и водa сaмо за 72 чaсa. Објектот од Србија преминал во Хрватска, каде мигрантите веројатно планирале да го продолжат патот. Потоа преку Египет, Шпанија и Аргентина пристигнал до Парагвај, по поминати речиси 20.000 километри. Контејнерот со седум безживотни тела е пронајден во населбата Санта Марија де Асунсион во престолнината на оваа држава и е во сопственост на Вернон Ремпел, кој се занимава со дистрибуција на инсектициди. Тој го отворил товарот во својот склад поради непријатната миризба.
„Кога го отворив тој контејнер, не можев веднаш да ги видам телата, но се чувствуваше голема смрдеа. Тогаш со помош на вилушкар и со своите работници ја извадив првата палета, забележав човечка коска, а потоа и остатоците од безживотните тела, кои беа во поодмината фаза на распаѓање. Веднаш ја прекинавме целата работа, го затворивме контејнерот и ја известивме полицијата“, раскажа Ремпел за медиумите.
Парагвајската полиција дополнително ја проверува рутата на контејнерот, а ќе ги испита и мобилните телефони, кои се пронајдени покрај телата.
Парагвајскиот весник „Насион“ вчера напиша дека парагвајската полиција верува оти едно од седумте лица се обидело да преживее јадејќи остатоци од неговите сопатници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.