Свет
(Видео) Демонстранти фрлаа со јајца кон Руди Џулијани и кон поддржувачите на Трамп во Њујорк

Демонстрантите против Доналд Трамп фрлаа јајца и упатуваа навреди кон приврзаниците на американскиот претседател вклучувајќи го и поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.
На видеото се гледа пропаганден карван со знаме – идентификуван на интернет како собир „Евреите за Трамп“ – предводен од Џулијани, кој е бомбардиран со јајца, а еден демонстрант извикува: „Е***и ѓубриња“.
„Е*и се, Руди“, се слуша друг човек како вреска.
„Врати се на Лонг Ајленд е***а кукавицо“, вика друг човек.
Еден демонстрант се гледа како кине знаме „Поддршка за сините“. Друго видео покажува дека полицајците ги спречуваат демонстрантите да го следат карванот за Трамп.
NYPD blocked anti-fascists from following the Proud Boy/pro-Trump caravan in NYC. Then cops from the NYPD’s anti-protest Strategic Response Group grabbed 2 anti-fascists & threw them down. Then other cops pointed out another person & started chasing them. pic.twitter.com/tu66wW5ZAq
— Ash J (@AshAgony) October 25, 2020
Поддржувачите на Трамп се судриле со демонстрантите против Трамп на „Тајмс сквер“, каде што двете страни си размениле удари, а врз возилата во карванот била истурена црвена боја.
Ruddy Giuliani just rode through NYC with Trump Caravan. Trump cars got egged and flags ripped up by BLM.
? By Scootercaster (FNTV) [email protected] for licensing pic.twitter.com/9Knx0hAtSM
— @SCOOTERCASTER (FNTV) (@ScooterCasterNY) October 25, 2020
Караванот од автомобили возел во делови на Менхетн и Бруклин.
More from brawl in Manhattan when anti-Trump protesters attack #JewsForTrump vehicle convoy pic.twitter.com/KUPratW4Mf
— NYC Scanner (@NYScanner) October 25, 2020
Судирите не завршиле во Мидтаун. Видео објавено на „Твитер“ подоцна во текот на денот покажува демонстрант кој фрла јајца кон карванот седнат покрај автопатот во Проспект Парк.
„Имам куп од овие, беби. Цел ден можам да го правам ова. Серковци, научете каде ви е местото“, се слуша човекот како вика додека вади јајца од картонот и ги фрла.
The egg-thrower @AzadM_52 filmed himself. @NYPDnews pic.twitter.com/KgLZCUGLpD
— NYC Scanner (@NYScanner) October 25, 2020
Полициски извори соопштија дека најмалку седум лица биле уапсени за време на немирите, а двајца полицајци биле повредени.
Полицијата соопшти дека еден демонстрант бил уапсен и за прскање бибер-спреј кон седумчлено семејство, кое било во возило што било дел од карванот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот на викендот, вклучувајќи ги и оние што прекинаа десетици летови и оставија повеќе од 10.000 патници блокирани на аеродромот во Минхен.
Мерц нагласи дека фреквенцијата на вакви упади во европскиот воздушен простор е без преседан, дури и во споредба со Студената војна. Тој додаде дека ниту едно од беспилотните летала досега не било вооружено и дека сите летале за извидувачки цели.
Во последните недели, слични неидентификувани дронови се забележани над неколку европски земји. Во Данска, во последните недели се регистрирани бројни летови на неидентификувани дронови над воени објекти и аеродроми.
На пример, пријавени се летови над аеродромот Каруп и неколку дански аеродроми. Како резултат на тоа, властите привремено ги забранија летовите на цивилни дронови и го зголемија надзорот, а данското разузнавање потврди дека станува збор за „хибридни напади“ за кои ја обвинија Русија.
Сомнителни летови на дронови над воени бази и стратешка инфраструктура се пријавени и во Германија и Белгија. На пример, околу 15 дронови се забележани над белгиската воена база Елзенборн, а во Германија властите истакнуваат дека инцидентите стануваат сè почести, особено во близина на воени и индустриски објекти.
фото: принтскрин
Свет
Пронајдени се најмалку 50 тела по уривањето на училиште во Индонезија

Бројот на жртви од уривањето на училиште во Индонезија се искачи на најмалку 50 откако спасувачите ги отстранија речиси сите урнатини, соопштија денеска спасувачките екипи, нарекувајќи ја оваа најсмртоносната катастрофа во земјата оваа година.
Исламскиот интернат „Ал Хозини“ во индонезискиот град Сидоарџо се урна минатиот понеделник. Стотици, претежно тинејџери, беа затрупани под бетонските урнатини, при што ги изгубија животите.
Со помош на багери, спасувачите отстранија околу 80 проценти од урнатините до доцна во неделата и извлекоа тела и делови од тела на жртви, соопшти агенцијата за ублажување на катастрофи.
Буди Ираван, заменик-директор на агенцијата, рече дека бројот на извлечени тела го зголемува вкупниот број на жртви на 50, и дека се очекува спасувачите да ја завршат потрагата по уште 13 заробени жртви до крајот на понеделник.
„Ова е најголем број жртви оваа година поврзани со една зграда. Од сите катастрофи во 2025 година, природни или не, ниту една не одзела толку многу животи како онаа во Сидоарџо“, рече тој на прес-конференција.
Јуди Брамантјо, официјален претставник на агенцијата за пребарување и спасување, изјави дека се пронајдени уште пет делови од тела, што укажува дека бројот на жртви би можел да биде најмалку 54.
Пребарувањето продолжува, а агенцијата за спасување објави снимки на кои се гледаат работници како носат портокалови вреќи за тела од урнатините на училиштето. Властите соопштија дека уривањето е предизвикано од градежни активности на горните катови што темелите на училиштето не можеле да ги издржат.
фото: принтскрин
Свет
Индија и Кина воведуваат директни летови за прв пат по пет години

Индија и Кина планираат да ги обноват директните летови меѓу некои од нивните градови по петгодишна суспензија, бидејќи односите меѓу двете земји почнуваат да се стабилизираат, објавија индиските власти.
Директните летови меѓу двете земји беа суспендирани за време на пандемијата на коронавирусот во 2020 година и не се обновени бидејќи Пекинг и Њу Делхи се впуштија во долготрајни гранични тензии.
Летовите меѓу одредени градови ќе бидат обновени до крајот на октомври, во зависност од одлуките на комерцијалните авиокомпании, соопшти индиската амбасада во Кина во објава на социјалната мрежа WeChat. Обновувањето на летовите е дел од „пристапот на индиската влада кон постепена нормализација на односите меѓу Индија и Кина“, додаде амбасадата.
Најголемата индиска авиокомпанија, „ИндиГо“, во четврток најави дека ќе ги обнови летовите помеѓу Калкута, Индија, и Гуангжу, Кина, на 26 октомври.
Одлуката доаѓа откако индискиот премиер Нарендра Моди ја посети Кина минатиот месец за прв пат по седум години за да присуствува на регионален безбедносен форум, дел од напорите на двете земји за нормализирање на односите.
Односите меѓу Кина и Индија нагло се влошија во 2020 година откако безбедносните сили се судрија по спорната граница на Хималаите. Четири кинески и 20 индиски војници беа убиени во најлошото насилство во последните децении, со што се замрзнаа контактите на високо ниво на политиката.
фото: принтскрин