Контакт

Свет

(Видео) Демонстрантите во Минск формираат синџири на солидарност по насилствата на протестите

Објавено пред

Белоруските демонстранти утринава формираа синџири на солидарност во повеќе делови на белоруската престолнина како поддршка на ултиматумот на народот поставен од опозицијата, пренесува ТАСС.

dobivaj vesti na viber

Лекари од кардиолошкиот истражувачки центар „Кардиологија“, многумина со црвено-бели знамиња и амблеми, се наредија на улицата Грушевка. Сличен протест е во тек на улицата Мајаковски во близина на метро-станицата „Михалово“.

Сведоците пријавиле апсења на улицата „Первомајскаја. Во некои делови на градот демонстрантите блокираа патишта, но веднаш беа испратени патроли на автопатите за да се врати сообраќајот во нормала. Група од 100 студенти на белорускиот државен универзитет одржуваат протест со седење во главната зграда на универзитетот.

Ултиматумот на поранешната претседателска кандидатка Светлана Тихановскаја до претседателот Александар Лукашенко истече вчера. Опозицијата повика на протести на индустриските претпријатија почнувајќи од денеска.

Белоруската полиција вчера употреби шок-бомби за да ги растера демонстрантите што се упатија кон резиденцијата на претседателот Александар Лукашенко во Минск кога илјадници антивладини демонстранти мирно маршираа на улиците во градот.

За време на огромниот антивладин митинг, учесниците наидоа на повеќе полициски кордони и беа принудени да ги заобиколат. Една таква средба се покажа како особено жестока бидејќи полицајците користеа груби мерки за растерување на толпата.

Во медиумите се појавија тврдења за употреба на гумени куршуми против демонстрантите, да локалната полиција соопшти дека ги проверува извештаите за пукање со огнено оружје за време на судирите.

Снимките што кружат на интернет покажуваат неколку експлозии на шок-бомби среде улица и демонстранти како бегаат од полицајци и влегуваат во станбена област.

По конфронтацијата, наводно биле приведени повеќе демонстранти. Мерките за контрола на немирите беа употребени кога демонстрантите се собраа во близина на седиштето на регионалната полиција, изјавија властите од Минск за „РИА новости“.

Приближно 120 лица беа приведени за време на масовните протести во неделата во Минск, соопшти полицијата, додавајќи дека двајца полицајци биле повредени во судирите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Хаотичен одговор на Борис Џонсон на ковид-19: одложениот карантин доведе до 23.000 дополнителни смртни случаи

Објавено пред

Од

Поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, надгледуваше токсичен, хаотичен и неодлучен одговор на пандемијата на ковид-19, а одложувањето на карантинот во земјата резултираше со околу 23.000 дополнителни смртни случаи, заклучи денес извештајот за јавна истрага.

dobivaj vesti na viber

Велика Британија регистрираше повеќе од 230.000 смртни случаи од ковид-19, слична стапка на смртност како во САД и Италија, но повисока од другите земји во Западна Европа, и сè уште се опоравува од економските последици.

Истрагата, нарачана од Џонсон во мај 2021 година, даде остра оценка за одговорот на неговата влада на ковид-19, критикувајќи го неговото неодлучно водство, неговата канцеларија на Даунинг стрит за кршење на сопствените правила и неговиот главен советник Доминик Камингс.

„Во срцето на британската влада за време на пандемијата постоеше токсична и хаотична култура“, рече претседателката на истрагата, поранешната судијка Хедер Халет, во својот извештај.

Халет рече дека Џонсон не успеал да ја процени сериозноста на вирусот што се појави на почетокот на 2020 година и беше расеан од други владини работи. Во тоа време, Велика Британија беше оптоварена со преговори за напуштање на Европската Унија.

Џонсон му рече на комитетот за 2023 година дека неговата влада „грубо ги потценила“ ризиците и дека го разбира гневот на јавноста.

Доколку Велика Британија ја вовела земјата во карантин на 16 март, само една недела порано отколку што всушност го стори тоа, бројот на смртни случаи во првиот бран до јули ќе се намалил за околу 23.000, или 48 проценти, се заклучува во извештајот.

 

фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Руска армија: Го освоивме градот Купјанск

Објавено пред

Од

Руските сили целосно го освоија градот Купјанск во Харковскиот регион, изјави вечерва началникот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов, во разговор со претседателот Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот на началникот на руската армија, руските трупи ги уништиле украинските сили кои биле опкружени на левиот брег на реката Оскол, пишува државната агенција на рускиот режим „Тасс“.

„Единиците на Борбената група Запад го ослободија градот Купјанск и продолжуваат да ги уништуваат украинските формации опкружени на левиот брег на реката Оскол“, рече Герасимов во директно обраќање до Путин.

Путин потоа праша на состанок емитуван на руската државна телевизија: „Значи, тоа е сè? Дали завршија сè?“ Според „Тасс“, командантот на Борбената група Запад одговорил потврдно на ова прашање.

Официјален Киев сè уште не ги коментирал овие тврдења на началникот на Генералштабот на руската армија.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп не беше поканет на погребот на Дик Чејни

Објавено пред

Од

Погребот на поранешниот потпретседател на САД, Дик Чејни, еден од главните архитекти на војната во Ирак, се одржа денес во Вашингтон во присуство на политичката елита, но без Доналд Трамп, кој не беше поканет поради непријателството меѓу двајцата републиканци.

dobivaj vesti na viber

Поранешни американски лидери, пратеници и други достоинственици се собраа во Националната катедрала во Вашингтон за да му оддадат почит на моќниот и контроверзен поранешен потпретседател. Тој беше гласен противник на Трамп.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и потпретседателот Џ.Д. Венс не беа поканети на погребот на поранешниот потпретседател Дик Чејни, според официјални лица од Белата куќа.

На погребот на Чејни присуствуваа поранешните претседатели Џо Бајден и Џорџ В. Буш, како и поранешната потпретседателка Камала Харис и Мајк Пенс, првиот потпретседател на Трамп.

Чејни, поранешен конгресмен од Вајоминг и како потпретседател движечка сила зад американската инвазија на Ирак во 2003 година, почина на 3 ноември на 84-годишна возраст.

Трамп не изрази сочувство до семејството на Чејни. Белата куќа претходно изјави дека е „свесна“ за смртта на Чејни. Знамињата во Белата куќа беа спуштени на половина копје.

„Моето сочувство до Дик Чејни и неговото семејство“, рече Венс на настан на Breitbart News во четврток. „Очигледно има некои политички несогласувања“, додаде тој.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Изненадување во Киев, Зеленски се согласи да преговара за планот на САД

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес му рече на секретарот на американската армија, Ден Дрискол, дека е подготвен да соработува...

Македонија8 часа

Го предупредувале газдата за инспекции, а неговиот син давал поткуп за тоа – инспектори и даночни контролори нови осомничени за пожарот во „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”....

Топ11 часа

Пациент почина, две лекарки повредени по нагло сопирање на медицинско возило за да избегне судир во центарот на Скопје

Вчера околу пладне во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улица „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“...

Економија12 часа

Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади

Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен...

Македонија13 часа

(Видео) Да ги пронајдеме мешетарите што го рушат имиџот на здравството: Мицкоски со најава за сериозни реформи

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу повеќе од ова...

Економија15 часа

Нема промени во делот на наплатата на ДДВ при приемот на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ, извести Минстерството за финасии

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој...

Македонија16 часа

(Видео) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Александар Николоски...

Европа16 часа

Полска го крена нивото на тревога; Министерот за надворешни: Ова не е саботажа, туку тероризам

Полска сè повеќе станува цел на напади. По саботажата на стратешки важна железничка рута, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски...

Македонија17 часа

(Видео) „Јорданов се пишмани – Општина Штип ќе го продаде ‘Дино паркот’ од 800.000 евра на приватен бизнисмен“, велат од партијата Левица

„Штипскиот Дино парк да падне во рацете на приватен бизнисмен преку јавно – приватно партнерство, односно да се издава под...

Свет17 часа

Сопругот на убиената Србинка во САД призна дека го распарчил нејзиното тело

Брајан Волш, маж од Масачусетс на судењето за убиството на неговата сопруга Ана, родена во Србија, во 2023 година, оваа...

Свет18 часа

(Видео) Читач од усни открива што рекол Илон Маск за саудискиот принц на гала-вечерата: Трамп ќе полуди

Илон Маск, кој драматично ги влоши односите со Доналд Трамп пред шест месеци, сега се чини дека е повторно во...

Свет18 часа

Мамдани оди кај Трамп во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, во Белата куќа овој...

Свет18 часа

Песков: Разговор меѓу Путин и Трамп може да се организира во секое време

Телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп може да се организира во секое време,...

Свет19 часа

(Видео) Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе по ерупцијата на вулканот Семеру

Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе и им помогнаа на 170 алпинисти кои беа заглавени по ерупцијата на вулканот...

Свет19 часа

Трамп потпиша закон со кој се овластува отворање на досиејата на Џефри Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека потпишал закон со кој се овластува објавување на досиејата на Џефри Епштајн. Материјалите...

Свет19 часа

(Видео) Израелски војници се истепаа во база, снимката стана вирална

Тепачка избувна меѓу израелски војници во воена база во северен Израел, објавија локалните медиуми. Видео што кружи на интернет ги...

Македонија1 ден

(Видео) „Ги чекаме децата да се појават и да кажат ‘Каде си ма мајче?’“ – мајките на загинатите во „Пулс“ дојдоа на судењето, лути се на бранителите на обвинетите

Со гнев, тага и болка почна судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, каде животите ги загубија 63 млади луѓе....

Македонија1 ден

Пропустите кај овој човек се шокантни, со докази ќе покажеме што сѐ бил спремен да направи за профит, рече обвинителот за сопственикот на дискотеката

По повеќе од четири часа евиденција на сите присутни, попладнево почна судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со 63...

Македонија2 дена

(Фото) Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња

Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња кај бањата „Стрновац“ во општина Старо Нагоричане. „На 19.11.2025 година,...

Македонија2 дена

(Видео) Со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите за пожарот во „Пулс“ ќе се ситат и ќе земаат крвави пари, прашува таткото на загинатиот Андреј Стојанов

„Јас сум родител на едно од трагично убиените деца“, изјави таткото на Андреј Стојанов, едно од загинатите момчиња во пожарот...