Македонија
Димитров во прва работна посета на Париз од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Франција.
Ова е прва посета на Париз по формирањето на новата Влада и се реализира во исклучително важен момент за Северна Македонија во пресрет на дефинирањето на преговарачката рамка што треба да ги вклучи елементите што произлегуваат од новата методологија за пристапни преговори, иницирана токму од Франција.
За време на дводневната работна посета на Француската Република предвидени се средби со: државниот секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи, Клеман Бон; претседателот на Комисијата за европски прашања во Сенатот на Франција, Жан-Франсуа Рапен; Изабел Думон, дипломатски советник за континентална Европа и Турција во кабинетот на претседателот Макрон, Каролин Вино, заменик на генералниот секетар за европски прашања при владата на Франција, и со Лилијана Танги, пратеничка во Националното собрание.
Во фокусот на разговорите ќе бидат француската поддршка во оваа клучна фаза од нашите евроинтеграции – одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава; динамиката на усвојувањето на преговарачката рамка, а ќе се разговара и за напредокот на Северна Македонија нотиран во извештајот на Европската комисија, како и за клучните приоритети од ЕУ-агендата, на кои Владата ќе биде фокусирана во следниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.
Македонија
Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Времето во наредните денови
Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.