Свет
(Видео) Трамп со нов гаф – „За Белград и Приштина ми доделија Нобелова награда за мир“
Американскиот претседател, Доналд Трамп, направи гаф за време на претседателскиот собир во Њу Хемпшир кога рекол дека добил Нобелова награда за мир.
Тој рекол дека нагарадата ја добил поради своите меѓународни дипломатски способности и учество во преговорите меѓу Белград и Приштина, но набргу се поправил и рекол дека мислел на номинација за таа награда.
Тој истакнал дека добил уште една награда за „нешто друго“, како и дека требало да добие награда за неговата работа во Сирија, пренесе „Индепендент“.
“They gave me a Nobel Prize for that, they gave me a Nobel prize for something else” — Trump falsely claims that he’s won numerous Nobel prizes (he clarified in the next breath that “when I say Nobel Prize” he meant, “nomination”) pic.twitter.com/N3ZkapzyYj
— Aaron Rupar (@atrupar) October 25, 2020
„Србија и Косово, потпишавме договор, па тие ми дадоа награда за тоа, ми ја дадоа Нобеловата награда за нешто друго, треба да ми ја дадат Нобеловата награда за она што го направив во Сирија“, рече Трамп.
Сепак, кога го рече тоа, тој бргу се поправи и рече дека тоа се номинации за Нобелова награда.
„Кога велам Нобелова награда, мислам на номинацијата“, рече Трамп.
Оваа година добитник на Нобелова награда за мир е Светската програма за храна на Обединетите нации за придонесот во борбата против гладот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

