Свет
Лавров: Грција и Турција да го решат територијалниот спор преку дијалог
„Москва ги повикува Грција и Турција да го решат нивниот територијален спор преку политички дијалог заснован на меѓународното право“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тој изјави дека Москва се надева оти Анкара ќе ги исполни своите обврски во врска со статусот на „Аја Софија“ како здание на списокот на светското наследство на УНЕСКО.
Во интервју за грчката новинска агенција АМНА, Лавров потсети дека Русија ја потпиша поморската правна конвенција на ООН во 1982 година и дека врз основа на тој документ создава свои ставови.
„Особено членот 3 од оваа Конвенција предвидува дека секоја земја има право да воспостави сопствен територијален коридор на море широк до 12 наутички милји иако некои земји од разни причини ја прошируваат таа зона. Секој територијален спор меѓу соседните земји мора да се реши во согласност со меѓународното право“, рече Лавров, а пренесе ТАСС.
Турција неодамна го испрати својот истражувачки брод „Орук Реис“, придружуван од флота воени бродови, во водите на источен Медитеран за да спроведе сеизмичко истражување, а Грција на тој потег на Анкара одговори со зголемување на борбената готовност на нејзините поморски и воздушни сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон
22-годишен маж е уапсен откако во пукање пред два дена во западен Лондон тешко биле повредени осумгодишно девојче и маж. Според првичните информации, младиот човек пукал во автомобилот во кој се наоѓало семејството.
Тешко повредената девојка е оперирана и моментално е во тешка, но стабилна состојба. Во тешка, но стабилна состојба е и 34-годишен маж. 32-годишна жена е пренесена во болница, но не е повредена, додека двегодишно дете е неповредено, пренесува Sky News.
Полицијата уапси 22-годишен маж под сомнение за обид за убиство и ги повика граѓаните да помогнат во истрагата со давање дополнителни информации, пишува Индипендент.
Сведокот на настанот рече дека жртвите седеле во автомобилот кога мажот наводно „пукал директно во возилото“.
Свет
(Видео) Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот
Најмалку пет лица загинаа кога мал авион се урна во близина на Сан Хозе, главниот град на Костарика.
Според извештаите на американските медиуми, официјални лица од Управата за цивилно воздухопловство на Костарика соопштиле дека авионот „Цесна 206“, кој полетал од регионот Тортугуеро кон Сан Хозе, се урнал во близина на планината Пико Бланко.
❗️🛬🇨🇷 – A small plane with six passengers on board crashed near San José, the capital of Costa Rica, on Monday.
The aircraft, a Cessna 206 Stationair, which departed from Tortuguero, collided near Mount Pico Blanco at noon.
Authorities found the wreckage but have not yet… pic.twitter.com/GxtzAL0uMV
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) November 26, 2024
Црвениот крст на Костарика соопшти дека пет лица загинале од авионот во кој имало шест лица.
Шестото лице, идентификувано како 31-годишна жена, е во критична состојба.
Свет
Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“
Русија упати предупредување до Јужна Кореја поради можноста за испраќање оружје во Украина, а заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко го повика Сеул „трезвено да ја процени ситуацијата и да се воздржи од непромислени чекори“.
Според „Фајненшл тајмс“, јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол размислува да испрати оружје во Украина како одговор на испраќањето севернокорејски војници во Русија. Јужна Кореја уште во октомври предупреди дека ќе го разгледа потегот за притисок врз Русија да не ги обврзува севернокорејските трупи во нејзината војна против Украина – што Русија го направи.
Извештаите од САД, Јужна Кореја и Украина покажуваат дека повеќе од 10.000 севернокорејски војници биле испратени во Русија во октомври, а некои сега активно се вклучени во борбени операции на првата линија.
„Сеул мора да разбере дека евентуалната употреба на јужнокорејско оружје за убивање руски граѓани целосно би ги уништила односите меѓу нашите земји. Се разбира, ние ќе одговориме на сите начини што сметаме дека е неопходно. Малку е веројатно дека тоа ќе ја зајакне безбедноста на самата Република Кореја“, рече Руденко.
„Се надевам дека администрацијата на Република Кореја првенствено ќе се води од долгорочните национални интереси, а не од краткорочните опортунистички размислувања наметнати однадвор“, додаде тој.