Европа
Во Италија 17.000 новозаразени, во Франција дневната бројка двојно помала од вчера

Италија денеска регистрираше нешто повеќе од 17.000 нови случаи на Ковид-19, што е помалку од дневниот просек во последните неколку дена.
Сепак, во последните 24 часа беа тестирани десетина илјади луѓе помалку, што е вообичаено за викендот.
Вкупно 542.789 лица се заразиле во Италија од почетокот на пандемијата.
Во споредба со првите месеци кога избувна инфекцијата и повеќето случаи беа концентрирани во северна Италија, бројот на заразени сега расте низ целата земја, поради што владата наметна нови ограничувања кои стапија на сила денес, вклучително и затворање на вежбалниците, кината и скратено работно време за рестораните и кафулињата.
Во Франција, пак, во последните 24 часа потврдени се 26.771 нов случај на коронавирус, а како последица на Ковид-19 починале 257 лица.
Вкупниот број на случаи на коронавирус во Франција сега се искачи на 1.165.278, а 35.018 починале, пренесува „Ројтерс“.
Бројот на заразени е помал од вчера, кога беа забележани рекордни 52.010 нови случаи на инфекција за еден ден.
Франција во моментов е рангирана на петтото место во светот по бројот на заразени со коронавирус, по САД, Индија, Бразил и Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин