Свет
Повлечена потерницата за апсење на Моралес
Судството во Боливија ја повлече потерницата за апсење на поранешниот претседател Ево Моралес, кој се наоѓа во егзил во Аргентина. Одлуката е донесена една недела по победата на приврзаникот на Моралес, Луис Арсе, на претседателските избори.
„Неговите права (Моралес) се повредени, пред сè, правото на одбрана затоа што не беше уредно повикан“, рече претседателот на судот во Ла Паз, Хорхе Кино.
На 6 јули Канцеларијата на главниот обвинител на Боливија побара поведување кривична постапка против Моралес за бунт и тероризам. Тогаш на Моралес му беше одреден притвор. Во неодамнешното интервју за АФП по претседателските избори во Боливија, Моралес рече дека враќањето во земјата не зависи од него.
Поранешниот претседател на 10 ноември 2019 година беше принуден да поднесе оставка под притисок на армијата и протестот на опозицијата, која протестира против резултатите од претседателските избори, на кои Моралес тврди дека победил, иако според Уставот немаше право на нов мандат. Моралес, кој беше претседател од 2006 до 2019 година, беше првиот претставник на Индијанците, кој стана шеф на државата, а тој доби репутација, меѓу другото, затоа што потекнуваше од народот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел до цивилите во јужен Либан: Не враќајте се дома до понатамошно известување
Петмина здравствени работници загинаа во напад на Израел врз јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство, а Израел ги предупреди либанските цивили на југот да не се враќаат дома до понатамошно известување.
Привремениот либански премиер Наџиб Микати рече дека Соединетите Американски Држави и Франција водат разговори за прекин на огнот очигледно упатувајќи на дипломатските напори за посредување на примирјето што Израел го отфрли минатиот месец. Засега никој од Вашингтон или Париз не ги коментирал овие тврдења.
Блискиот Исток е во состојба на готовност стравувајќи од натамошна ескалација на конфликтот во регионот бидејќи се чека одговорот на Израел на минатонеделниот ирански ракетен напад, пренесуваат медиумите во регионот.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека Израел во текот на ноќта удрил во центар за цивилна заштита во селото Дердгаја, на 10-ина километри од границата, при што загинале пет болничари и спасувачи.
Израелската армија сè уште не се огласила за тоа. Повеќе од 2.100 луѓе се убиени во израелските напади врз Либан во текот на изминатата година. Не се знае колку загинати цивили и колку борци.
Израел денеска ја потврди смртта на својот 12-ти војник во копнените операции во јужен Либан.
Израел им порача на жителите на јужен Либан во објава на социјалната мрежа Х дека им е „забрането да се вратат во своите домови, во селата и градовите до понатамошно известување за нивна безбедност“.
Свет
Сијарто: Унгарија е под притисок поради енергетската соработка со Русија
Будимпешта е под притисок да ја прекине енергетската соработка со Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
„Секако дека има политички притисок врз Унгарија, тие сакаат да ја прекинеме енергетската соработка со Русија“, рече Сијарто на пленарната седница на меѓународниот форум за гас во Санкт Петербург.
Тој додаде дека одржувањето на енергетското партнерство со Москва е во интерес на Будимпешта.
Свет
(Видео) Ураганот на Флорида преврте мали авиони, објавена снимка
Снимките од Флорида сликовито го покажуваат ефектот на разорниот ураган Милтон врз делови од американската држава.
Venice, FL took a wallop from #HurricaneMilton as it rushed ashore on Wednesday evening.
Here’s a look at some of the sights and sounds our field correspondents caught on camera. pic.twitter.com/00El1bQTlA
— WeatherNation (@WeatherNation) October 10, 2024
На видеото се гледа мал авион, кој очигледно бил превртен од силен ветер. Излозите и улиците се преплавени со вода од зголеменото ниво на морето што ги придружува разорните урагани како Милтон.