Македонија
Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела
Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од минатата недела (19 до 25 октомври), тестирани се вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува тестирање на Ковид-19, што е зголемување од 5,9 % во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 града во државата, што претставува зголемување од 27,4 % во однос на минатата недела. Повеќето од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5 %), каде што е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000.
Во наведениот период процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24 %.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=750, 22,0%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=673; 19,7 %), 40-49 (n=632; 18,5 %), 50-59 (n=595; 17,4 %) и 20-29 (n=539; 15,8 %). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=72; 2,1 %) и од 10 до 19 години (n=149; 4,4 %).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.695 (49,7 %) лица од женски и 1.715 (50,3 %) од машки пол. Од случаите епидемиолошки се истражени 555 или 16,3 %.
По добиени 2 негативни теста за присуство на Ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам како оздравени се водат 1.566 лица шѕо биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 477 повеќе во однос на минатата недела.
Пријавени се 84 смртни случаи од 24 града, зголемување од 71,4 % во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50 до 59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 20 во возрасната група од 30 до 39 години. Од смртните случаи епидемиолошки се истражени 45 или 53,6 %.
Детаљниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 19 до 25 октомври, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

