Свет
(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист
Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот Мухамед.
Десетици илјади демонстранти во Бангладеш го нарекоа Макрон сатанист и палеа негови фотографии по што слични протести како вчера беа одржани и во Пакистан, Ирак, Турција и во Појасот Газа.
Иранскиот весник „Ватан-е емруз“ објави на насловната страница карикатура од Макрон како ѓавол означувајќи го како антиисламист и тврдејќи дека се видени француски екстремисти како го палат Куранот.
— Mahir karatay (@mahirkaratay2) October 27, 2020
Членовите на исламистичката група „Ислами Андолон Бангладеш“ се приклучија на протестот во Дака повикувајќи ги муслиманите од светот да ги бојкотираат француските производи.
Демонстрантите од групата што се залага за воведување исламистички закон во таа земја носеа плакати со натпис: „Сите муслимани на светот се обединуваат“ и „Бојкотирајте ја Франција“.
Peygamber Efendimiz Hz. Muhammed SAV’e hakaret etme küstahlığını gösteren Fransa’yı ve hadsiz yöneticisi Emmanuel Macron’u protesto ettik.
Kirli siyasi oyunlarına İslamiyet’i ve Peygamber Efendimizi dahil etmek cahilliklerinin ve küstahlıklarının en büyük göstergesidir. pic.twitter.com/0b1vQKxJwt
— Ömer Budak (@_omerbudak_) October 27, 2020
Демонстрантите носеа и голема фотографија од Макрон со чевли околу вратот, пренесува АП.
— البرنسيسه ايمي (@g6knFNOZtN1oAct) October 27, 2020
Земјите со муслиманско мнозинство се бесни во врска со изјавите на Макрон минатата недела и неговото одбивање да го осуди објавувањето карикатури на пророкот Мухамед.
Peygamberimiz Hz.Muhammed S.A.V’e hakaret karikatürlerini kamu binalarına asan #Fransa’yı, haddi aşan #Macron’u, Memur-Sen olarak protesto ediyoruz.
Genel Başkanımız @_aliyalcin_ açıklama yapıyor.
?Ulus Meydanı pic.twitter.com/eSoIy3sooB
— EBS PATNOS (@EbsPatnos) October 27, 2020
Минатата недела Макрон го осуди убиството на Самуел Пати, наставник кој беше обезглавен во околината на Париз на 16 октомври, изјавувајќи дека тој бил убиен затоа што предавал за слобода на изразување, слобода да се верува или да не се верува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете
Кина мора да престане да ја поддржува руската војна во Украина ако сака да ужива во добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предупредувајќи го Пекинг со невообичаено остри зборови дека не може да ги има и двете. За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја зајакнува воената економија на Русија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводниците.
„Минатата година Русија увезе 90 отсто од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности“, рече Столтенберг. „Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна. Не може да ги има и двете“, предупреди тој.
Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија. „Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина и да зависиме од нејзините пари, суровини и технологии. Зависноста не прави ранливи“, додаде тој.
Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции и на двете, но особено на Москва, поради нејзината инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека планира да отпатува за Кина во мај, но не прецизираше точно кога.
Свет
САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош
Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.
Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.
Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.
„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.
Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.
Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.
Свет
(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе
Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.
Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.
„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.
Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.