Свет
Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите
Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус.
Според уредбата објавена на веб-страницата на руското Министерство за здравство, граѓаните од целата земја од утре мора да носат маски на јавни простори, јавен превоз, паркиралишта и во лифтови.
Се ограничува и работното време на кафулињата и рестораните, кои може да бидат отворени од 6 до 23 часот.
Вчера, Русија имаше 16.500 новоинфицирани, но и најголем број починати – 320 за 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Четири земјотреси ја погодија Турција за десет минути
Утринава во централна Турција за само десет минути се забележани четири земјотреси кои предизвикаа вознемиреност кај населението.
Според податоците од сеизмолошките центри, земјотресите биле со различна магнитуда: најсилниот бил со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, додека другите три земјотреси биле регистрирани со јачина од 3,3, 3,1 и 4,2 степени, пренесува EMSC.
Сите земјотреси го погодија централниот дел на Турција, кој се наоѓа во сеизмички активна зона.
Нема официјални информации за значителни материјални штети или човечки жртви, но ситуацијата во многу градови е под надзор бидејќи жителите излегоа на улиците во страв од нови земјотреси.
Сеизмичката активност со ваков интензитет не е невообичаена за Турција, која се наоѓа на неколку големи тектонски раседи.
Пред два дена силен земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер ја погоди источна Турција.
Свет
Напад во Сирија: Израел ја бомбардира Латакија, повредени цивили
Сириската армија соопшти дека двајца цивили се ранети во израелски напад што се случи рано утринава во крајбрежниот град Латакија, на 100-ина километри северно од либанската граница. Во нападот, покрај повредените, била оштетена и воена позиција.
Военото соопштение, кое го пренесоа државните медиуми, не содржи никакви дополнителни детали за нападот.
Израел често изведува напади врз воени цели во Сирија, особено оние поврзани со Иран и либанската милитантна група Хезболах.
Свет
Шолц: Германија ќе продолжи да го снабдува Израел со оружје
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија ќе продолжи да му помага на Израел со тоа што ќе продолжи да ја снабдува таа земја со оружје.
На маргините на самитот на лидерите на ЕУ, Шолц рече дека Израел мора да го почитува меѓународното право и дека решението со две држави е крајната цел, пренесе Ројтерс.
– За мене е јасно дека поддршката на Израел значи и дека постојано ја обезбедуваме одбранбената способност на Израел, на пример со снабдување со воена стока или оружје – изјави германскиот канцелар.
Според медиумот, во последните денови, бројни светски лидери и организации повикаа на прекин на продажбата на оружје на Израел.