Контакт

Македонија

Претпладне облачно и магливо време, а попладне сончево

Објавено пред

Времето претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира УХМР.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје претпладне облачно и магливо, попладне променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 17 степени.

Утре времето ќе биде посончево, а в петок и в сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјата.

Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено по должината на Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.

Македонија

Лајка го прослави четвртиот роденден

Објавено пред

Јавното претпријатие Лајка на 20 октомври 2024 година заедно со граѓаните, вдомувачите и сите негови подржувачи го одбележа својот 4 роденден.

dobivaj vesti na viber

„Задоволство ни е да информираме дека во овие 4 години јавното претпријатие Лајка работи по единствената докажана и хумана програма за намалување на бездомни кучиња по улиците, има заловено и истретирано вкупно 3700 кучиња од кои 850 кучиња си го нашле својот дом. Сиве овие години ЈП Лајка активно работи и на едукација и на промовирање и подигање на јавната свест за одговорно сопствеништво на домашни миленици.

Сакаме да ја искористиме оваа прилика да се заблагодариме на сите кои дојдоа на нашата скромна прослава, а особено ни е драго што секоја година бројот на нашите поддржувачи се зголемува што укажува дека граѓаните ја препознаваат важноста на работата и активностите на претпријатието како посебен јавен интерес.

Особено сакаме да се заблагодариме на хуманите граѓани кои ги отворија своите домови за кучињата – миленици од ЈП Лајка и одлучија да вдомат бездомно наместо да купат куче, и со тоа не само што покажаа огромна хуманост и етика туку станаа и позитивен пример во решавање на овој општествен проблем.

Огромна благодарност упатуваме и до здруженијата за заштита на животни со чија помош значителен број на кучиња си го најдоа домот надвор од границите на нашата држава.

ЈП Лајка ќе продолжи со уште поголем мотив да руши рекорди и се надеваме уште многу години ќе биде достоен сервис на граѓаните и пример за хумано и етичко третирање на бездомните кучиња кои не по своја вина се на улиците на Скопје“, велат од „Лајка“ по повод роденденот.

Прикажи повеќе...

Скопје

За време на викендот подигнати 60 кубни метри непрописно одложен отпад

Објавено пред

Во текот на изминатиот викенд екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализираа активности за отстранување десетина диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

Во општината Чаир е интервенирано во населбата Серава, како и на булеварот Никола Карев (пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана во непосредна близина на скопското Теќе. Во општината Ѓорче Петров се расчистуваа диви депонии на улиците Борис Сарафов и Лихнида.

Екипите на претпријатието отстранија и приближно 15 кубни метри отпад одложен на јавна површина на улицата Вера Јоциќ во општината Кисела Вода.

Воедно, во текот на викендот се подигнати и околу 10 кубни метри отпад од картонска амбалажа и кабаст отпад одложени на кејот 13 Ноември во строгиот центар на градот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Предложивме закон, минималната плата да биде 27.700 денари

Објавено пред

„Денеска во услови на голема економска несигурност како одговорна опозиција, предлагаме измени и дополнувања на законот за минимална плата. Со измените предвидуваме  минималната плата да се покачи на 27 700 денари што претставува пораст од 12, 3 проценти“, посочи претседателот на СДСМ Венко Филипче.

dobivaj vesti na viber

„Со ова не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата што ќе има позитивен ефект на секое семејство во државата. Методологијата на усогласување на минималната плата со порастот на трошоците на живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, со тоа ќе обезбедиме сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните во иднина“, посочи Филипче.

Филипче потенцираше и дека сериозен проблем за македонската економија е повратот на ДДВ, односно дека долгот на УЈП кон компаниите е од 250 до 300 милиони денари, што не се има случено во последните седум години.

„ВМРО ДПМНЕ ја враќа економијата во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ  карактеристика и пракса до 2016 година. Сите овие индикатори потврдуваат дека Владата не создава подобри услови за стопанството и раст на економијата. Ова говори само за неодговорно менаџирање со парите на граѓаните, наместо тоа гледаме само зголемување на трошоците за живот“, порача Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Филипче: Предложивме закон, минималната плата да биде 27.700 денари

„Денеска во услови на голема економска несигурност како одговорна опозиција, предлагаме измени и дополнувања на законот за минимална плата. Со...

Македонија1 час

(Видео) СДС ја партизира АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира, вели Петрушевски

„СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира. Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата“, рече...

Топ2 часа

(Фото) Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

На 19.10.2024 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни...

Македонија2 часа

Коцевски: Имав обврска да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство – Скопје, до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители

Како јавен обвинител на Република Северна Македонија ги отфрлам неоснованите тврдења за наводно мешање во предмет во кој повеќе од...

Македонија4 часа

Партискиот директор во АНБ, Бојан Христовски, нема соодветни сертификати за безбедност и за англиски јазик, вели СДСМ

„Партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски во интервју за емисијата КОД потврди дека нема соодветен безбедносен сертификат. Христовски нема...

Свет5 часа

(Видео) Австралиска сенаторка му викаше на Чарлс: Ова не е твоја земја, ти не си мој крал

Кралот Чарлс се соочи со скандирањата „ти не си мој крал“ од жена сенатор веднаш кога го заврши својот говор...

Свет5 часа

Северна Кореја се заканува дека ќе му објави војна на Југот: „Ако најдеме уште еден дрон…“

Северна Кореја објави дека пронашла остатоци од јужнокорејско воено беспилотно летало и дека секое понатамошно „кршење на нејзиниот територијален интегритет“...

Европа6 часа

(Видео) Пресврт во Молдавија, одлуката за тоа дали државата да се заложи за влез во ЕУ виси на конец

Референдумот во Молдавија за тоа дали да го промени уставот и да се заложи за влез во ЕУ „виси на...

Свет6 часа

Нетанјаху до Трамп: Ќе носиме одлуки во наш национален интерес

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху разговараше со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, соопшти кабинетот на премиерот. „Премиерот Нетанјаху го повтори...

Свет6 часа

Една од најголемите загуби на Израел од почетокот на војната, командант упадна во замка на Хамас и загина

Командант на ​​401-та оклопна бригада на израелските одбранбени сили (ИДФ), полковник Ехсан Дакса, беше убиен вчера за време на борбите...

Македонија21 час

Д-р Даниловски: Ризиците од заразување со птичји грип се мали

По потврдата на птичји грип кај угината гуска во скопската зоолошка градина, епидемиологот д-р Драган Даниловски на својот ФБ профил...

Македонија22 часа

АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури

Вчерашното за нас недостојно соопштение на ЗОО Скопје во кое се користеа недолични, непрофесионални и небулозни зборови кои се надвор...

Македонија23 часа

Четворица вработени од Зоолошка одат под здравствен надзор, едно лице ќе биде тестирано за птичји грип оти појавило симптоми

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, даде изјава за медиумите откако беше потврден птичји грип кај гуска во...

Македонија24 часа

(Видео) Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија...

Македонија1 ден

ЛДП: Пломбирање на Зоолошката градина додека не се реши градскиот хаос

Градската организација на ЛДП бара итно пломбирање на Зоолошката градина Скопје и преземање одговорност од надлежните лица за случувањата во...

Македонија1 ден

(Видео) Анима Мунди: Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки

Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки: повикуваме на итен прекин,...

Свет1 ден

Избори и референдум во Молдавија, Путин планира дестабилизација

Граѓаните на Молдавија денеска гласаат на претседателските избори, но и на референдумот за Европската унија (ЕУ). Овие избори и референдумот...

Свет1 ден

Повеќе од 1.000 британски осуденици наскоро ќе бидат ослободени поради пренатрупаност во затворите

Британските власти наскоро ќе ослободат предвремено 1.100 осуденици, како дел од владината програма за намалување на бројот на затворени лица...

Свет1 ден

(Видео) Доаѓа бурата Ешли: се очекува ветер до 300 километри на час и бранови до 12 метри

Првата бура во сезоната во северноатлантската зона наскоро треба да стигне до бреговите на Ирска и Шкотска. Атлантските бури се...

Свет1 ден

Романија се надева дека ќе влезе во Шенген зоната

Романскиот премиер Марсел Чолаку изјави дека е уверен оти неговата земја ќе влезе во Шенген зоната до крајот на годината....