Македонија
Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати
Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 2.236 тестирања. Во Скопје се потврдени 353 случаи, Куманово – 33, Штип – 13, Прилеп – 36, Тетово – 33, Струга – 11, Велес – 34, Битола – 28, Охрид – 17, Кавадарци – 7, Гостивар – 7, Струмица – 20, Крива Паланка – 6, Радовиш – 2, Пробиштип – 3, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Берово – 2, Виница – 1, Делчево – 4, Свети Николе – 6, Кичево – 6, Ресен – 1, Неготино – 2.
Починати се 15 лица, седум пациенти од Скопје (76, 63, 84, 82, 75, 80 и 85 г.), тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57), двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51 г.), еден од Ресен (70 г.), еден од Делчево (59 г.) и еден пациент од Охрид (87 г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти од: Скопје – 281, Куманово – 18, Дебар – 12, Штип – 6, Прилеп – 9, Тетово – 31, Струга – 4, Велес – 9, Битола – 15, Охрид – 8, Кавадарци – 9, Гостивар – 11, Гевгелија – 10, Струмица – 14, Крива Паланка – 12, Радовиш – 3, Кочани – 15, Пробиштип – 1, Пехчево – 2, Берово – 9, Валандово – 2, Виница – 6, Делчево – 31, Кратово – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 7, Неготино – 2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27.827, бројката на оздравени пациенти е 19.479, на починати е 949, а бројот на активни случаи изнесува 7.399.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 11941, активни 3551
• Куманово 2161, активни 337
• Дебар 321, активни 44
• Штип 1574, активни 212
• Прилеп 1144, активни 349
• Тетово 1966, активни 409
• Струга 797, активни 90
• Велес 548, активни 177
• Битола 578, активни 200
• Охрид 632, активни 178
• Кавадарци 438, активни 170
• Гостивар 1122, активни 146
• Гевгелија 332, активни 160 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 45 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 762, активни 430
• Крива Паланка 213, активни 66
• Радовиш 206, активни 76
• Крушево 22, активни 2
• Кочани 647, активни 187
• Пробиштип 167, активни 34
• Демир Хисар 75, активни 13
• Македонски Брод 102, активни 6
• Пехчево 57, активни 7
• Берово 195, активни 47
• Валандово 92, активни 33
• Виница 164, активни 54
• Делчево 231, активни 100 (50 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 37, активни 10
• Свети Николе 458, активни 69
• Кичево 494, активни 124
• Ресен 228, активни 56
• Неготино 123, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2236 теста се преку: ИЈЗ-404, ЦЈЗ Скопје – 80, Авицена – 398, Биотек – 254, МАНУ – 283, Жан Митрев (Филип Втори) – 366, Систина со PCR метода – 246 , лабораторија Лаор –68, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола – 58, Инфективна клиника – 7, ГАК-0, Синлаб – 61, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 238.011 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 10 позитивни мајки, 3 деца и 3 мајки суспектни на Ковид-19
Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор е еден пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 304 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 169
• Гази Баба – 460
• Аеродром – 661
• Карпош – 541
• Центар – 508
• Кисела Вода – 432
• Ѓорче Петров – 299
• Бутел – 168
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 8
• Сарај – 27
• Арачиново – 8
• Илинден – 61
• Сопиште – 31
• Чучер Сандево – 19
• Петровец –21
• Зелениково – 9
• Странец – 20
• Нераспределен- 80
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со сериозни обвинувања за перење 2 милиони евра во ЕСМ: „Кадри на СДСМ и ДУИ вмешани во криминал“
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција обвини дека кадри на СДСМ и ДУИ во ЕСМ снабдување со топлина биле инволвирани во криминал тежок неколку милиони евра.
Според Петрушевски, тендер вреден осум милиони евра завршил во фирма која, како што рече, била однапред договорена од Бујар Дардишта, кадар на ДУИ, а именуван од СДСМ. Тој тврди дека по договорениот тендер, директорот заедно со уште 32 лица испрале два милиони евра, пари на граѓаните.
Петрушевски посочи и дека во Надзорниот одбор на ЕСМ снабдување со топлина била и ќерката на тогашниот претседател на Собранието Талат Џафери.
Тој ги повика СДСМ и ДУИ да одговорат каде завршиле, како што наведе, испраните два милиони евра, дали лица од тогашниот врв на двете партии се вмешани во случајот и зошто не се оградуваат од наводите. Петрушевски побара и Јавното обвинителство да постапува независно и одговорно.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Филип Андов и Агрон Демири – новите лица на Филипче, се лошото минато на Заев
Новите лица на Филипче, се лошото минато на СДС и Заев. Филип Андов – Сокол поранешен советник на Зоран Заев и поранешен директор на затворот во Шутка, и Агрон Демири, коносител во 6та ИЕ на последните парламентарни избори, се новите лица на СДС и Филипче, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Филип Андов, човек со кривична пријава и активен судски случај е дел од раководството на Филипче. Познат по тоа што затворот во Шутка го претвори во хотел промаја, затворениците повеќе седеа надвор отколку внатре во затворот. Оние што беа внатре пак имале навистина големи поволности. Андов до толку се грижел за своите затвореници што дозволувал дури и службени возила и службени лица да ги разшетуваат низ државата. Едноставно си го приватизирал затворот и си наплаќал услуги. СДС наместо оградување и исклучување, го наградија со раководна функција. Дали можеби работел по насока и директива на поранешни челници на СДС останува да дознаеме?“, праша тој.
Од друга страна, додаде Манасиевски, го имаме Агрон Демири, исто така досегашен член на ЦО на СДС и коносител на минатите избори во ИЕ6 и не успеа да влезе како втор на листата.
„Агрон Демири е горд пријател на Зоран Заев и Венко Филипче. Тој никогаш не ја криел неговата наклонетост кон овие двајца. За таа цел, во 2021 година, Агрон Демири како претседател на студентски парламент од Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, му доделил плакета на Зоран Заев, за заложбите што ги правел кон младите. А добро ги паметиме неговите заложби со оглед на тоа дека младите беа омаловажени и потценети во негово време. Но, дали оваа наклонетост и плакета кон Зоран Заев, го пласираше Демири во врвот на СДС? До толку ли нема други заслужни, па тој мора да биде награден? Несуден пратеник и анонимус во политиката.
Почитувани граѓани, Дали овие ликови се новите лица на СДС, секако дека не. Ова се само луѓе послушни кон Зоран Заев, а го држат Венко Филипче на функција“, рече Манасиевски и праша дали овие лица се горди на аболицираниот криминалец Зоран Заев и ќе продолжат по неговите криминални и коруптивни чекори?
Македонија
Анита Тополова-Исајловска избрана за в.д. јавен обвинител
Обвинителката Анита Тополова – Исајловска беше избрана за вршител на должност јавен обвинител на Република Северна Македонија на денешната седница на Советот на јавни обвинители.
Таа беше единствениот предложен кандидат, на местото на Љупчо Коцевски, кој минатата недела поднесе оставка, непосредно пред да биде разрешен во Собранието на Северна Македонија. Тој ја извршуваше функцијата државен обвинител неполни две години откако беше избран од пратениците во минатиот парламентарен состав на 13 февруари 2024 година.
Тополова-Исајловска доаѓа на негово место од позицијата заменик јавен обвинител, каде што помина подолг временски период.
Назначувањето на вршител на должност јавен обвинител се врши согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство. Функцијата се извршува до именување на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.

