Свет
Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица
Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info. Сè повеќе неповолни епидемиолошки податоци доаѓаат од многубројни европски земји и земји во регионот.
Во Италија во последните 24 часа се потврдени 21.994 случаи на инфекција со коронавирус, Франција има 33.417, Велика Британија – 22.885, а дневниот рекорд го постави Грција вчера, пренесуваат агенциите.
Податоците на италијанското Министерство за здравство покажуваат дека инфекцијата е потврдена кај 21.994 лица во последните 24 часа, што е најголема на дневна основа од февруари. Досега инфекцијата со коронавирус е потврдена кај 564.778 лица во таа земја. Има 255.090 случаи на инфекција, 1.411 лица се на одделот за интензивна нега, а потврдени се 221 смртен случај во последните 24 часа. Бројот на смртни случаи на дневна основа надмина 200 првпат од 15 мај.
Шефот на Врховниот институт за здравство на Италија, Силвио Брусаферо, го посочи зголемувањето на бројот на заразени меѓу постарата популација и предложи младите да обрнат посебно внимание за да ги заштитат старите лица. Најпогодена област останува Ломбардија, која објави 5.035 нови случаи, а јужниот регион Кампанија е втората најпогодена област во Италија со пријавени 2.761 нов случај.
Во последните 24 часа во Франција се регистрирани 523 смртни случаи, што е најголем број на смртни случаи од 22 април, објави француското Министерство за здравство, пренесува „Ројтерс“.
Велика Британија има 367 смртни случаи, а во текот на првата недела од затворањето на 30 март, имаше најголем број – 374 смртни случаи.
Грција бележи дневен рекорд од 1.259 потврдени инфекции, а и министерот за образование е позитивен на коронавирус. Бројот на инфекции во Грција расте од почетокот на октомври, а полицискиот час е во сила во Атина и Солун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

