Свет
Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден
Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо и Тексас.
Поранешниот градоначалник на Њујорк веќе инвестира 100 милиони долари на Флорида за да му помогне на својот сопартиец Џо Бајден во една од клучните држави против републиканскиот претседател Доналд Трамп. Тој одлучи да издвои дополнителни 15 милиони кога ги виде резултатите од истражувањето спроведено од неговата политичка организација за време на викендот, пренесе АП.
Пред неколку недели се сметаше дека Трамп сигурно ќе ги освои Тексас и Охајо, државите во кои победи во 2016 година кога стана претседател. Сепак, Бајден го намали јазот во двете земји, а анкетите предвидуваат близок резултат.
Рекламите во Тексас и Охајо, за кои Блумберг издвои пари, ќе го критикуваат управувањето на Трамп со кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот. Во фокусот на кампањата во САД се мал број федерални држави, кои практично одлучуваат за исходот на изборите поради спецификите на американскиот изборен систем. Победникот на изборите не се решава според вкупниот број гласови на национално ниво, туку според бројот на т.н. избирачи, што кандидатите ги добиваат во секоја од 50-те сојузни држави и во областа Колумбија. Победник на изборите е кандидатот што ќе освои најмалку 270 од 538 гласачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо ја поддржаа Камала Харис на митингот во Филаделфија
Актерите Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо беа меѓу холивудските ѕвезди кои на митинг во Филаделфија ја поддржаа кандидатката за претседател на Демократската партија Камала Харис.
Обраќајќи им се на присутните, Роберт де Ниро ја нагласи важноста на секој глас и ги повика гласачите да не стојат настрана, објави Си-Би-Ес Њуз.
Де Ниро отворено го изрази своето незадоволство од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, користејќи остар јазик.
Тој ги повика гласачите активно да водат кампања и да ги мотивираат своите сограѓани во Филаделфија да имаат одговорен пристап кон изборите.
Леонардо ди Каприо се осврна на ставот на Камала Харис за климатските промени, нагласувајќи ја важноста на администрацијата што ја прифаќа науката.
– Ќе имаме ли администрација која не ги негира научните факти и која верува во ставот на 99 отсто од научната заедница за климатската криза предизвикана од човечки фактори? Изборот не може да биде поочигледен, а тој избор е потпретседателката Камала Харис – изјави Ди Каприо.
Градоначалничката на Филаделфија Шерел Паркер, која го организираше настанот заедно со локалните лидери, рече дека „патот до Белата куќа минува низ Филаделфија“, нагласувајќи ја клучната улога на Пенсилванија на изборите во 2024 година.
Свет
(Видео) Американскиот кардиолог доби 158 години затвор: намамувал жени на Тиндер и ги силувал
Стивен Метјус, поранешен кардиолог од Денвер, Колорадо, беше осуден на 158 години затвор откако беше прогласен за виновен за серија злосторства врз десетици жени.
Помеѓу 2019 и 2023 година, Метјус дрогирал, сексуално напаѓал и силувал бројни жртви кои ги запознал преку апликации за запознавање како Тиндер. Неговите злосторства станаа јавни кога една жена го пријавила нападот откако биле заедно, охрабрувајќи ги другите жртви да излезат на виделина.
Во август, поротата го осуди Метјус дека намамил жени во неговиот дом во западен Денвер додека биле на состаноци, а потоа им ставал дрога во пијалоците. Многу од жените рекоа дека имаат само спорадични сеќавања за тоа што се случило откако се виделе со Метјуз. Некои сведочеа дека откако се освестиле се нашле голи во кревет додека Метјус ги силувал.
На судењето, кое започна во јули 2024 година, 11 жртви сведочеа за тешките ефекти од нападот, вклучувајќи губење на свеста и симптоми на посттрауматско стресно растројство. Судијата Ерик Џонсон го опиша Метјус како „сексуално насилен предатор“ и ја нагласи штетата што тој ја нанел на заедницата. Државниот обвинител Бет МекКен го изрази своето задоволство од пресудата, нагласувајќи ја важноста од поддршката на жртвите и правдата што беше постигната во овој случај преку нивниот храбар став, пренесува CBS.
Во образложението на пресудата се наведува дека ова е силна порака за решеноста на правосудниот систем да ги заштити жртвите и сериозно да ги санкционира сторителите на ваквите кривични дела.
Европа
Атентат во Австрија: ловец со пушка го уби градоначалникот
Градоначалникот на Кирхберг Франц Хофер е убиен во денешниот напад во Австрија, поради што полицијата започнала голема операција.
Како што е потврдено за Кроне, напаѓачот е во бегство.
Веднаш по страшното откритие, на местото се испратени сите полициски единици. Исто така, алармирани се и специјалните единици, а на местото на злосторството пристигна и блиндиран автомобил „Кобра“.
Ловецот кој бил на нива или во шума, откако пукал се упатил во непознат правец.
Нападот се случил околу 9:15 часот.
Канцеларијата на гувернерот на државата, Томас Стелцер, потврди за Кроне во 9:45 часот дека е убиен градоначалникот на Кирхберг.