Црна хроника
Цариничка уапсена за поткуп

Одделот за Организиран криминал до Основно Јавно Обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против вработена во Царинската управа поради сомневање за сторено кривично дело „примање поткуп“
Осомничената Б.Ј.(34) од Куманово искористувајќи ја службената положба како член на Комисијата за прекршоци во Царинската Управа во два наврати на 29.07.2010 година и 03.08.2010 година од оштетено лица од Стар Дојран побарала и примила парична награда-поткуп во вкупен износ од 300 евра (првиот пат 100 евра и вториот пат 200 евра) за да во рамките на своето службено овластување изврши дејствие што би морала да го изврши.Пријавената го искористила фактот дека рокот за легализирање на возилото на оштетената наскоро истекува и од неа побарала парична награда–поткуп во износ од 300 евра, со образложение дека 100 евра се за неа и по 100 евра за Претседателот и другиот член на Комисијата, за да пријавената во рамките своите службени овластувања изготви документ со кој оштетената ќе може да го подигне возилото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.
Црна хроника
Жена ограбена во Ѓорче Петров

Шеесет и петгодишна жена била ограбена во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Насилници уценувале девојче од Скопје – им дала 25.000 евра за да не го нападнат брат ѝ

Девојче од Скопје било уценувано од неколку соученици дека ако не им даде пари, ќе го нападнат нејзиниот брат кој има здравствени проблеми. На тој начин, девојчето од дома земало и им дало на насилниците 25.000 евра.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.
Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.