Црна хроника
Сопственик на кумановска фирма злоупотребил туѓа банкарска картичка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(36) од Куманово, сопственик и управител на фирма од Куманово, поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
„На 24.2.2020 пријавениот неовластено влегол во компјутерските податоци на банкарската кредитна картичка на А.А. од Охрид и извршил шест трансакции, со што ѝ нанел материјална штета“, информира МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Црна хроника
Маж падна во отворена шахта во Скопје, бил пренесен во болница
Вчера во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, С.К. од Скопје паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.