Контакт

Црна хроника

Сејдиу сака во Идризово за да си ја гледа болната сопруга

Објавено пред

Судскиот совет во Основниот суд 1 во Скопје одлучи :12 години затвор , да остане мерката притвор и да се конфискува имот на тутунскиот бос Бајруш Сејдии. Судот денеска ја соопшти првостепената пресуда за случајот „Пепел 2“

dobivaj vesti na viber

Според пресудата, Бајруш  Сејдиу за кривично дело перење пари доби затворска казна од десет години , а за кривично дело насилство 3, по што спред Законот за крвична постапка му беше утврдена единствена затворска казна од 12 години. Осуден е за финансиски малверзации со пари и имот од неколку кумановски гигантски фирми меѓу кои и „Жито Мел“. За малверзациите одговараа 14 -мина. Осум беа во притвор , двајца во домашен притвор , стечајна судијка се бранеше од слобода, а еден од обвинетите е во бегство. Второобвинетиот доби 15 години затвор за изнуда и други кривични дела, а останатите обвинети од две до 13-годишни затворски казни.Судот при изрекувањето на пресудата даде образложение дека одлуката била тешка задача оти предметот бил обемен и имало огромен материјал . По прегледувањето и анализата на материјалот судот се убедил дека сега осудените биле свесни и сакале да ги извршат кривичните дела. За да ги остварат своите намери се служеле и со насилство. Со лажни и криминални стечаи продавале фирми и имот за кои крајниот купувач не знаел дека е стекнат на криминален начин.По изрекувањето на пресудите Бајруш побара од судот да биде пуштен да се брани од слобода или да биде веднаш префрлен во затворот во Идризово. Поради тешките услови за живот во истражниот затвор Скопје во Шутка Бајруш, кој таму се наоѓа две повеќе од две години, се пожали дека не може често да се среќава со сопругата и децата.„Сопругата е многу болна и оперирана од рак , а децата не можам да ги гледам. Затоа сакам да одам во Идризово”, побара Бајруш од судот. Судиите по кратко советување одлучија притворот за сите обвинети да остане до правосилност на пресудата.Еден од обвинетите се пожали дека одлуката била политичка , противзаконска и неуставна. Судијата го слушаше неколку минути, но кога обвинетиот почна да зборува за судијата го прекина.Судијата еден час читаше колку пари, куќи, имот жито ќе се заплени од обвинетите. Исто така сите приватизации и стечаи по правосилност на пресудата ќе се поништат. Вредноста на запленетиот имот се проценува на неколку милиони евра. Обвинителот на овој случај не знаеше да каже колку е вреден имот што би се запленил. Адвокатите најавија жалби пред Апелациониот суд во Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.

dobivaj vesti na viber

Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.

Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.

Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.

Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува

Објавено пред

На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.

dobivaj vesti na viber

Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена

Објавено пред

На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ2 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија2 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија3 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија4 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија4 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион4 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија5 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија6 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет6 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет6 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа7 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет7 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет7 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа7 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион17 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија17 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет20 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија23 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...