Македонија
Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица
Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од 2.647 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
По градови, состојбата е следна: Скопје – 422, Куманово – 28, Дебар – 10, Штип – 25, Прилеп – 28, Тетово – 64, Струга – 10, Велес – 38, Битола – 29, Охрид – 26, Кавадарци – 9, Гостивар – 23, Гевгелија – 13, Струмица – 55, Крива Паланка – 5, Радовиш – 10, Крушево – 1, Кочани – 13, Пробиштип – 4, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 1, Берово – 3, Валандово – 2, Виница – 1, Делчево – 6, Кратово – 3, Свети Николе – 4, Кичево – 20, Ресен – 7, Неготино – 8.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 292 оздравени пациенти од: Скопје – 142, Куманово – 14, Штип – 8, Прилеп – 9, Тетово – 21, Струга – 2, Велес – 2, Битола – 9, Охрид – 4, Кавадарци – 2, Гостивар – 4, Гевгелија – 5, Струмица – 26, Радовиш – 7, Кочани – 6, Пробиштип – 1, Пехчево – 1, Берово – 5, Валандово – 3, Кратово – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 8, Ресен – 4, Неготино – 5.
Починати се 14 лица, тројца пациенти од Скопје (51, 60 и 83 г.), тројца од Куманово (65, 71 и 53 г.), еден пациент од Дебар (80 г.), двајца од Прилеп (55 и 56 г.), еден од Тетово (63 г.), еден од Велес (65 г.), еден од Струмица (68 г.), еден од Радовиш (72 г.) и еден пациент од Кратово (75 г.). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, бројката на оздравени пациенти е 19.771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 12363, активни 3828
• Куманово 2189, активни 348
• Дебар 331, активни 53
• Штип 1597, активни 227
• Прилеп 1172, активни 366
• Тетово 2030, активни 451
• Струга 807, активни 98
• Велес 586, активни 212
• Битола 606, активни 219
• Охрид 658, активни 200
• Кавадарци 447, активни 177
• Гостивар 1145, активни 165
• Гевгелија 345, активни 168 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 52 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 817, активни 458
• Крива Паланка 218, активни 71
• Радовиш 217, активни 79
• Крушево 23, активни 3
• Кочани 661, активни 195
• Пробиштип 172, активни 38
• Демир Хисар 77, активни 15
• Македонски Брод 103, активни 7
• Пехчево 57, активни 6
• Берово 198, активни 45
• Валандово 95, активни 33
• Виница 165, активни 55
• Делчево 237, активни 106 (54 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 40, активни 11
• Свети Николе 462, активни 70
• Кичево 514, активни 136
• Ресен 235, активни 59
• Неготино 130, активни 64 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.647 теста се преку: ИЈЗ – 902, ЦЈЗ Скопје – 120, Авицена – 471, Биотек – 218, МАНУ – 199, Жан Митрев (Филип Втори) – 272, Систина со PCR-метода -190, лабораторија Лаор – 59, Судска медицина – 10, ЦЈЗ Битола – 108, Инфективна клиника – 6, ГАК-0, Синлаб – 92, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 240.658 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 150 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 2 мајки суспектни на ковид-19
Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 64, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 294 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 180
• Гази Баба – 492
• Аеродром – 710
• Карпош – 580
• Центар – 535
• Кисела Вода – 467
• Ѓорче Петров – 324
• Бутел – 186
• Шуто Оризари – 35
• Студеничани – 14
• Сарај – 29
• Арачиново – 8
• Илинден – 66
• Сопиште – 35
• Чучер Сандево – 20
• Петровец –24
• Зелениково -10
• Странец – 22
• Нераспределен- 91
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот Безбеден град
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот Безбеден град, утре-недела (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.
Како што информираа од Министерството, ективностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае кратко, приближно од 15 до 30 минути. За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта додека трае постапката, по што ќе продолжи да се одвива нормално.
Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка, со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, информираа од МВР.
Македонија
Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот
Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот со што може подготвено да го пречека почетокот на работата на Регионалната депонија во Југозападниот дел во Македонија.
Во градот веќе стигнаа нови контејнери, канти за селекција во домаќинствата, а до јуни ќе стигнат и 9 возила преку проектот на Министерството за животна средина. Во моментов се работи на урбанизиран Собирен центар за отпад по европски терк. Таму граѓаните ќе го носат сиот отпад што не го собира претпријатието.
-Собирниот центар за граѓаните, за бизнис секторот ќе значи еден комплекс каде сите самоиницијативно ќе може да донесат различни видови отпад кој не го собира комуналното претпријатие: санитарија, дограма, отпадни гуми, електричен и електронски отпад. Собирниот центар кој ќе се урбанизира е европски принцип на градба, ќе биде по принципот на боксови, контејнери од 5 кубни метри и прес-контејнери, објаснува Лилјана Силјаноска, лице за односи со јавност во ЈКП „Комуналец“ од Прилеп.
Селекцијата, потенцира, е клучна за новата Регионална депонија.
-Кога ќе почне да функционира Регионалната депонија за управување и депонирање на отпадот, комуналното претпријатие ќе плаќа за сиот отпад што таму ќе се транспортира и депонира. Колку отпадот е поселектиран, цената ќе биде пониска и обратно. Затоа е клучна селекцијата. Цените, инаку, ќе ги одредува регулаторна комисија, појасни Силјаноска.
Напролет ќе профункционира и Фабриката за селекција на отпадот кај постојната градска депонија. Во дражавава се потребни повеќе рециклирачки центри за да се откупува отпадот, па да се извезува.
– Сите овие проекти што се во тек, или во завршна фаза, или реализирани, или, пак, во форма на техничка документација ќе значи дека општина Прилеп мора да биде подготвена со реализирани и изградени проекти до отворањето на идната Регионална депонија. Да потсетиме, Прилеп ќе има претоварен центар за четирите општини: Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево, вели Силјаноска.
Дневно во Прилеп се собираат 60 до 80 тони отпад, а годишно околу 30 000 тони, а околу 1000 тони отпаден материјал се продава.
Македонија
Алиу: Примарната цел на законот е да ги превенира штетните последици од пушењето
Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
Предвидени се, додава, законски обврски за спроведување превентивни програми за откажување од пушењето, советувања и едукации, како и целокупна поддршка во процесот на откажување од оваа зависност.
-Зависноста од никотин претставува медицински и јавноздравствен проблем. Докажано е дека превенцијата е поефикасна и поевтина од лекувањето, така што примарната цел на овој закон не е да казнува, туку да ги превенира штетните последици од пушењето, посочува Алиу.
Воедно, како што вели, во рамки на законските одредби јасно се утврдени надлежните инспекции, санкциите за непочитување, како и улогата на локалните власти во спроведувањето на законот.

