Вести
Ирачките сили прогласија целосно ослободување на Фалуџа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/faludza20irak-1.jpg)
Ирачките сили ја заземале во неделата последната населба во Фалуџа која ја држеа борците на екстремната сунитска организација Исламска држава, па командантот на операцијата прогласи крај на битката за овој стратешки важен гран, 50-ина километри западно од престолнината Багдад.
Премиерот Хајдар ал-Абади прогласи победа над Исламската држава во Фалуџа пред повеќе од една седмица, но борбите во градот продолжија, особено во населбата Голан.
Генерал-полковникот Абдул Вахид ал-Саиди, кој командуваше со операцијата за ослободување на Фалуџа, изјави во неделата за ирачката државна телевизија дека и последната област во која се одржуваа џихадистите е вратена под контрола на ирачките безбедносни сили.
„Од ова место објавуваме дека централниот кварт Голан е исчистен од терористите и му ја пренесуваме на ирачкиот народ радосната вест дека битката за Фалуџа е завршена“, изјави ал-Саиди.
Најмалку 1.800 џихадисти се убиени во операцијата за заземање на Фалуџа, додаде ирачкиот генерал по четиринеделната офанзива.
Според процените на ОН, од градот се евакуирани повеќе од 82.000 цивили, а уште 25.000 може да се во бегство. На Бегалците од Фалуџа им е забранет влезот во Багдад.
Многу Ирачани сметаат дека Фалуџа е „непоправлив“ центар на бунтот на екстремните сунитски групи и секој кој таму се наоѓал во време на нападот го сметаат за приврзаник на Исламската држава.
Покрај тоа, очевидци изјавиле дека многу џихадистички борци се смешале со цивилното население кои пред нападот на ирачките сили се евакуираше преку коридорите кои ги остави власта. /крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.