Европа
(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање на национално ниво, најавено и воведено од претседателот Емануел Макрон пред неколку дена.
Видеото објавено на „Твитер“ покажува огромен број парижани кои се обидуваат да ја напуштат француската престолнина со намера да ги избегнат полицискиот час и почетокот на другите мерки од полноќ. Фотографиите покажуваат метеж и застој по неколку десетици километри.
Heavy traffic in Paris on the night that France heads into its second national lockdown. https://t.co/pI3IoOnCPT pic.twitter.com/cASEqmR5mt
— ABC News (@ABC) October 29, 2020
Многумина ја искористиле последната шанса и ја поминале ноќта со семејството и пријателите пред да се затворат сите барови и ресторани по влегувањето на Франција во нова блокада. Во исто време Французите ги испразнија полиците на супермаркетите во новата панична набавка што последен пат се случи во март кога цела Европа слично се подготвуваше да се затвори поради пандемијата на вирусот.
French buy up toilet paper and pasta ahead of second lockdown https://t.co/pODWKAzK6i pic.twitter.com/gAUPrMsk0U
— FRANCE 24 English (@France24_en) October 29, 2020
Луѓето купувале огромни резерви тестенини и тоалетна хартија, а огромни редици имало и пред фризерските салони, јавуваат светските медиуми. Канцелариски работници од француската престолнина ја пренесувале совојата работна опрема со автомобили и возови како подготовка пред новото затворање.
Заклучувањето што го најави Макрон ќе трае најмалку до 1 декември.
Само оние со најитни потреби ќе може да ги напуштат своите домови за што ќе им треба посебна потврда, а сè ќе проверува полицијата.
Макрон во најавата на мерките рече дека полицискиот час во Париз и другите поголеми француски градови не успеал да го запре ширењето на заразата додавајќи дека 400.000 луѓе би умреле од Ковид-19 доколку не бидат донесени нови драстични мерки.
Во Франција во болниците во моментот има 21.183 лица со Ковид-19. За споредба, во април оваа бројка беше повеќе од 32.000.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ подготвува нов удар врз Путин, објавени се деталите

Европската комисија (ЕК) денес предложи 18-ти пакет санкции против Русија, главно насочени кон руските приходи од енергија и банкарскиот сектор.
„Предлагаме 18-ти пакет строги санкции, насочени во суштина кон два сектора, рускиот енергетски сектор и банкарскиот сектор. Ги прошируваме забраните за извоз и ги зајакнуваме мерките против заобиколување на санкциите“, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Извршното тело на ЕУ за прв пат предлага забрана за трансакции со гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, како и намалување на максималната цена по која може да се продава руска нафта од 60 на 45 долари за барел.
Намалувањето на максималната цена за продажба на руска нафта е мерка усвоена од групата Г7, која ќе разговара за тоа на самитот во Канада оваа недела.
Новиот пакет санкции вклучува дополнителни 77 бродови кои се дел од таканаречената руска флота во сенка, бродови кои пловат под знамиња на трети земји и кои ги користи Русија за заобиколување на санкциите. На листата веќе има 342 брода.
Фон дер Лајен изјави дека на почетокот на војната, руските приходи од извоз на енергија во Европа изнесувале 12 милијарди евра месечно, но благодарение на досегашните санкции, тие паднале на 1,8 милијарди евра. „Тоа е сè уште премногу“, рече таа, додавајќи дека една третина од приходите на Русија доаѓаат од продажба на нафта.
Во банкарскиот сектор, ЕК ја проширува забраната за пристап до SWIFT, систем за размена на комуникации меѓу банките, до целосна забрана за трансакции.
Се предлага и забрана за извос во Русија во вредност од над 2,5 милијарди евра, што би го оневозможило пристапот на руската економија до критични технологии и индустриски стоки, вклучувајќи машини, метали, пластика и хемикалии.
Со неа се ограничува и извозот на стоки и технологии со двојна употреба што се користат за производство на беспилотни летала, ракети и други системи за оружје. Санкциите се насочени и кон 22 руски и странски компании кои обезбедуваат директна или индиректна поддршка на рускиот воено-индустриски комплекс.
Земјите-членки, кои треба едногласно да го потврдат пакетот санкции, започнуваат дискусии за предлогот оваа недела.
Европа
Зеленски за масакрот во Австрија: Длабоко сме потресени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го коментираше денешното пукање во училиште во Грац, во кое беа убиени 10 лица, од кои осум деца.
„Длабоко сме шокирани од трагичната пукање во училиште во Грац, во која беа изгубени многу невини животи. Училиштата никогаш не треба да станат места на насилство. Нашите срца се со жртвите, нивните семејства и народот на Австрија. Им посакуваме брзо закрепнување на сите повредени. Украина го споделува овој момент на тага со пријателска Австрија“, напиша Зеленски на Икс.
Deeply saddened by the tragic school shooting in Graz, which claimed many innocent lives. Schools should never become places of violence. Our hearts go out to the victims, their families, and the people of Austria. We wish a swift recovery to all those wounded. Ukraine shares…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 10, 2025
Нападот се случил во средно училиште во Грац, каде што 22-годишен поранешен ученик, вооружен со пиштол и пушка, отворил оган во две училници. Според полицијата, напаѓачот дејствувал сам и е меѓу загинатите.
Локалните медиуми објавија дека околу 30 лица се повредени и се лекуваат во болница. Градоначалничката на Грац, Елке Кар, го опиша нападот како „страшна трагедија“, додека австрискиот канцелар рече дека настанот „длабоко ја потресол целата земја“.
Полицијата пристигнала на местото на настанот околу 10 часот наутро, а училиштето било евакуирано. Учениците биле однесени на безбедна локација, а подоцна ќе бидат однесени на локалниот стадион ASKÖ, каде што родителите и роднините можат да ги земат.
Ова е најсмртоносниот напад врз училиште во Австрија во повоената историја. Последниот значаен инцидент се случил во ноември 2020 година, кога напаѓач уби четири лица и рани 23 во Виена, а Исламска држава ја презеде одговорноста.
Европа
Двајца млади луѓе со босанско потекло меѓу убиените во пукањето во училиштето во Грац

Најмалку 10 лица беа убиени, а 12 се ранети во утринското пукање во средното училиште во Грац, Австрија, од кои седум се во критична состојба.
Меѓу загинатите има двајца млади луѓе по потекло од Босна и Херцеговина – 17-годишна ученичка со иницијали К.Ј. и девојка по име Х.А., која починала од повредите. Како што неофицијално објави „Кликс“, лекарите се борат за животот на уште едно лице по потекло од Босна и Херцеговина.
Иако Амбасадата на БиХ во Австрија во моментов нема официјални или неофицијални информации за убиени државјани на БиХ, потврдено е дека станува збор за лица кои се по потекло од БиХ, но не и државјани на таа земја.
Информациите за идентитетот на жртвите ги потврдил за „Кликс“ имамот во Грац, Сабахудин Хасиќ.
Нападот го извршил 21-годишен поранешен ученик кој, според австриските медиуми, влегол во училиштето вооружен со пиштол и пушка. Тој испукал десетици куршуми пред да изврши самоубиство во тоалетот на училиштето, каде што го пронашле полицајци кои ја евакуирале зградата.
Пукањето ја шокираше австриската јавност, а истрагата за мотивите за нападот сè уште е во тек.