Македонија
Заборавени сме иако сме најважната алка, велат медицинските техничари за наградата „13 Ноември“

Унијата на ЗМСТАС (Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри) предводена од здружението „За нас“ апелира медицинските сестри да не бидат изоставени од здравствените тимови, особено од оние што се наградувани, како во случајот со добитниците на наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје.
Од областа на здравствената заштита годинава наградата ја добија тимот на доктори што ја извршија првата трансплантација на срце во земјата, како и епидемиологот Жарко Караџовски.
„Ние се гордееме на сите колеги од тимовите, сите успеси се и наши успеси, но не можеме да го премолчиме фактот дека често се заборава оти во здравствените тимови спаѓаат и медицинските сестри. Впрочем, ние сме и носители на здравствените тимови, најважната алка во целиот здравствен систем.
Ја прашуваме комисијата, која за награда го избрала тимот што ја извршил првата трансплатација на срце, каде се медицинските сестрите на списокот? Зарем тимот го сочинуваат само докторите? Инсистираме медицинските сестри да бидат достојно прикажани како што и заслужуваат“, се порачува во соопштението.
Во продолжение се наведува и листата на медицински сестри што биле дел од тимот што го извршил наградениот зафат:
мед. тех. Слаѓана Гроздановска,
мед. тех. Јелена Жарковиќ,
дип. мед. тех. Имран Елези,
мед. тех. Мартина Караѓоска
и мед. тех. Кристина Николовска – инструментарки од УК за државна кардиохирургија;
мед. тех. Магдалена Станчева,
и мед.тех. Анита Колевска – анестетичарки од УК за државна кардиохирургија;
мед. тех Александра Темелковска,
мед. тех. Бранко Чочек,
и мед. тех. Игор Каевски – перфузионисти од ЕКЦ-тимот на „Жан Митрев клиник“;
дип. мед. тех Катерина Ристовска,
и дип. мед. тех. Александра Ристовска-Тунев – инструментарки од „Жан Митрев клиник“;
и дип. мед. тех. Весна Наумовска – анестетичарка од „Жан Митрев клиник“.
Медицинските техничарии порачуваат дека покрај толку јавни епитети за нивната работа, особено во екот на корона-кризата, како: островот на спасот, херои, промотори на здравјето, здравствени воспитувачи… недолично е сè уште да бидат на маргините и да се злоупотребува нивната трпеливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за самитот на ОБСЕ, каде што е сѐ чисто, вели Османи

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, вели дека коалицијата „Вреди“ ги има добиено анкетите, во кои, како што нагласува, јасно се гледа дека разликата меѓу него и нивниот кандидат изнесува 10 %.
„И сега се во паника. Затоа се обидуваат да отвораат прашања за кои граѓаните вообичаено нив ги обвинуваат дека се корумпирани и дека 20 години на најкоруптивен начин ја воделе општината“, изјави Османи.
Османи потсети дека уште пред да заврши самитот на ОБСЕ лично ја доставил целата документација до релевантните институции.
„Јас лично ја доставив целата документација во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Обвинителството. ДКСК, по неколку недели, излезе со констатација дека нема никакви неправилности. И Јавното обвинителство потврди дека нема неправилности. Ниту имало ревизија на ОБСЕ, туку на ‘Борис Трајковски’, и тоа во врска со тоа како тие ја прифатиле опремата“, појасни Османи.
Истакна дека неговиот најголем политички капитал останува неговиот кредибилитет: „Ако има нешто по што јас се разликувам, тоа е фактот дека никој, во целата моја политичка кариера, не може да ме обвини за корупција. Тоа е мојот најголем капитал во политиката, политичкиот интегритет и човечкиот кредибилитет“, истакнува Османи.
Македонија
(Видео) Лефков: СДС преку „Еразмус+“ ја финансирале и сопругата на Апасиев – пред камери противници, зад камери соработници

СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, пред камери противници, зад камери соработници. Додека јавно глуми противник на СДС, Димитар Апасив немал проблем со тоа што неговата сопруга барала пари од европските фондови и владата на Ковачевски преку Националната агенција за Еразмус+, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управува Марко Ѓорѓиевски од СДС, сопругата на Апасиев, Тамара Јованов Апасиева, добива европски пари.
Додека Апасиев пред камерите глуми противник на СДС, зад затворени врати неговиот семеен круг бил дел од системот кој го водела власта на СДС, добивал финансии и уживал привилегии“.
Лефков прашува, како токму Тамара Јованов Апасиева, покрај илјадници млади, универзитетски кадри и активисти од цела Македонија е изберена да добие поддршка од СДС.
„Дали ова е класичен пример на политички договори меѓу СДС и Левица?
Дали во јавноста играат улога на „жестоки противници“, а во позадина функционираат заедно, делат фондови и позиции?
Дали оваа соработка СДС – Левица ќе ја гледаме и на овие избори, и купен ли е Апасиев со парите од Еразмус + да одработува за СДС“, додава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) СДСМ: Орце молчи за дивоградбите, гледаме нова Арсовска под диктат на Мицкоски

Додека Скопје се гуши во урбанистички хаос, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, молчи за дивоградбите во Чаир, обвини Јовица Јанковиќ од СДСМ.
„Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран простор, маала претворени во бетонски џунгли и загрозена безбедност. Тоа е резултатот на политиките на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ што денес Орце ги одобрува. Зошто Орце воопшто не нуди решение за проблемот со дивоградбите? Дали поради бизнис интересите на власта? Таа ли улога Мицкоски му ја додели на Орце овој пат?“, праша тој.
Според Јанковиќ, дивоградбите не се само локална приказна туку со ВМРО-ДПМНЕ урбаното дивеење стана тажно скопско секојдневие.
„Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ владее со градот ова се случува, го претвораат во свој партиски вилает за да ги спроведуваат бизнис агендите. Со Орце скопјани можат да очекуваат само нови разочарувања, уште поголем хаос, нови бизнис-договори на грбот на граѓаните. Наместо решенија дивоградбите ќе продолжат, никој нема да одговара и наместо развој на Скопје ќе гледаме партиски диктат за богатење на поединци. На скопјани им треба вистински градоначалник кој ќе се бори со урбаната мафија, а не кој ќе ја штити. На Скопје не му треба нова Арсовска, под диктат на Мицкоски“, рече Јанковиќ.