Македонија
(Видео) НАТО донираше 60 респиратори во вредност од 1,4 милиони евра
Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, присуствуваа на настан по повод прием на респираторни машини – донација на НАТО во борба против Ковид-19. Станува збор за 60 респиратори донација од Доверителниот фонд na НАТО вредна 1,4 милиони евра, која денеска пристигна денеска на Меѓународниот аеродром Скопје. Оваа донација е за справување со последиците од Ковид-19.
Во изјава за медиумите министерот Филипче истакна дека симболот на оваа здравствена криза е солидарноста. Тој рече дека сите земји помеѓу себе покажаа што значи да се помага, да се споделуваат искуства, знаење, но покажа и што е вистинската вредност на сојузите во коишто сме сега рамноправна членка.

„Дозволете да изразам голема благодарност до НАТО-сојузот, посебно САД, кои од почетокот на кризата донираа и заштитна и медицинска опрема без којашто навистина тешко ќе можевме да го менаџираме овој голем здравствен предизвик, оваа голема здравствена криза. Конкретно, станува збор за донација на респираторни машини кои се користат за транспорт на пациентите во амбулантните возила за транспорт на псциентите од една болничка установа во друга – нешто што значајно ќе го зајакне нашиот здравствен систем во овој сегмент“, информираше Филипче.
На почетокот на епидемијата, јавното здравство имаше на располагање 120 респиратори. Од нив, 90 беа во градот Скопје, а останатите 30 во јавно-здравствените установи ширум државата.Како донација во изминатиот период пристигнаа респиратори од ЕУ (20), од четири македонски компании (85 неинвазивни респиратори), Норвешка (20) мобилни респиратори, приватна донација од Република Бугарија (3) УНИЦЕФ (10), Република Германија (8).
Респираторните машини како донација се распределени на Инфективната клиника во Скопје, ГОБ „8 Септември“, Клиниката за неврохирургија, како и инфективните одделенија во здравствените установи во Струмица, Штип, Битола, Тетово, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Охрид, како Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид.Во моментов, на респиратор се приклучени само 2 пациенти кои се лекуваат во ГОБ „8 Септември“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

