Спорт
УФЦ: Тажен крај за Андерсон Силва, Хол го нокаутираше па му се извинуваше

Легендарниот бразилски УФЦ фајтер, Андерсон Силва на неславен начин ја заврши кариерата, откако Јураја Хол го нокаутираше во четвртата рунда, по што победникот зачудувачки клекна пред поразениот и му се извини.
„Жал ми е“, му кажа Хол откако го сопре по 1:24 во четвртата рунда во „Ејпекс“ во Лас Вегас.
Малкумина УФЦ фајтери доживеале таков почит од противникот, но Силва не е обичен фајтер. Бразилецот влезе во УФЦ во 2006 и нанижа 16 победи, многу од нив спектакуларни, и беше сметан за најголемите. Но, во последните седум години Силва имаше само една победа.
Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт призна дека згрешил што воопшто дозволил Силва да влезе во кафезот.
„Навистина не се чувствувам добро и нема да му дозволам повеќе да се бори“, изјави Вајт.
Хол по победата призна дека влегол во УФЦ поради Силва.
„Морав да го направам тоа со почит. Никако поинаку. Сите знаеме што направи Андерсон во овој спорт. Ме инспирираше. Кога имав 22 години тој ми беше идол и беше тешко да се одвојат емоциите“, вели Хол.
„Пајакот“ Силва има 46 години и скор од 34-11 во УФЦ.
"I love you… I'm so sorry."
Uriah Hall showed respect to Anderson Silva tonight in what was probably Silva's final UFC fight. pic.twitter.com/3tmlIdnWjE
— Yahoo Sports (@YahooSports) November 1, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погачар: Не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго

Словенечкиот велосипедски ас Тадеј Погачар по четвртиот триумф на Тур Д’ Франс предизвика вистински шок во јавноста со своите изјави за „Лекип“. Иако има само 25 години, тој веќе сериозно размислува да се збогува со спортот.
„Нема да се пензионирам веднаш, но не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго. Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се мојата голема цел, а по нив сериозно ќе размислувам за пензионирање“, откри Погачар.
Тој се осврна и на историски момент за Словенија – почетокот на Тур Д’ Франс доаѓа во нивната земја во 2029 година. Сепак, Погачар јасно стави до знаење дека тогаш, речиси сигурно, повеќе нема да се натпреварува:
„За мене е неверојатно што Турот ќе започне во Словенија во 2029 година. Ќе бидам таму, тоа е сигурно, дури и да не се натпреварувам“, објасни тој.
Спорт
Џака се врати во Премиер лигата

Швајцарскиот фудбалер Гранит Џака се враќа во Премиер лигата, поточно во Сандерленд.
Ова го објави речиси непогрешливиот фубалски инсајдер Фабрицио Романо.
Романо изјави дека Сандерленд, клубот кој се врати во Премиер лигата минатата сезона, постигнал договор со Леверкузен за трансфер вреден 20 милиони евра.
Џака ќе потпише договор до летото 2027 година.
32-годишниот играч од средниот ред на тој начин ќе се врати во Премиер лигата, каде што претходно играше за Арсенал од 2016 до 2023 година.
Спорт
Капитенот на Рома го напушта клубот

Лоренцо Пелегрини, капитенот на Рома би можел да го напушти кубот до крајот на преодниот рок.
„Калчомеркато“, тврди дека капитенот на „волчицата“ добил зелено светло од тренерот Џанпјеро Гасперини за трансферот.
Милан, Интер и Наполи се заинтересирани за услугите на 29-годишниот фудбалер. Според обложувалниците најголем фаворит за потписот на Пелегрини е Милан.
Пелегрини е дете на Рома. Тој е во клубот од почетокот на својата кариера.
Досега, на 316 натпревари за првиот тим на Рома, постигна 55 голови и забележа 59 асистенции.
Фото/ Принскрин