Спорт
Криза во Италија – 15 прволигаши не можат да ги исплатат платите!
Италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ тврди дека дури 15 клуба од Серија А се мачат со исплатата на платите за ноември поради економската криза по пандемијата на корона вирусот, предизвикувајќи паника кај лидерството на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) и Лега Серија А.
Минатата недела претседателот на Серија А, Паоло дел Пино призна дека постои огромна загриженост за фудбалот во Италија, предупредувајќи дека е можен „целосен колапс“ доколку не се сменат рестриктивните мерки на италијанската влада. Тој потврди дека фудбалот во Италија загубил над 600 милиони евра поради затварањето на стадионите.
Според „Кориере“, дел од тимовите уште ги нема исплатено платите за јуни, а краен рок за тоа е 16 ноември. Тие тврдат дека ФИГЦ и Лега Серија А побарале две мерки од владата – одложување на крајниот рок за исплатата на платите за оваа сезона (што мора да се потврди и во договор со играчите), како и даночно олеснување, односно можност да не се плати данок на платите на фудбалерите оваа сезона.
Италијанскиот фудбал е пред колапс, вели претседателот на Серија А
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ливерпул на „мускули“ победи кај последнопласираниот Саутемптон
Ливерпул ја зголеми предноста на челната позиција на табелата во англиската Премиер лигата, откако на „мукскули“ го победи последно пласираниот Саутемптон. Во 12. коло, на „Сент Мери“ Ливерпул победи со 3.2. Со овој триумф, 10. во сезоната, Ливерпул ја зголеми предноста на табелата во односн на Манчестер сити на осум бода, а девет чекори зад „црвените“ се Челси, Арсенал и Брајтон.
Исклучитено интересен натпревар со два пресврти одиграа Саутемптон и Ливерпул. На крајот пресудија аматерските грешки на домашните фудбалери. Голманот Мкарти му подри гол на Салах за 2:2 во 65.минута, а во 83. минута Јапонецот Сугивара го честеше Ливерпул со пенал од кој Салах го постави конечниот резултат.
Претходно Собослај во 30.минута им донесе предност ан „црвените“, а изедначи Амстронг во 42.минута откако промаши пенал. Предноста на Саутмептон му донесе Фернандес во 56.минута.
Спорт
Флорентино Перез: Винисиус ти си најдобриот играч во светот
Во Реал Мадрид се уште не можат да се помират со фактот дека Винисиус Жуниор не ја освои Златната топка.Првиот човек на клубот, Флорентино Перез во својот говор на Генералното собрание на Реал, говореше и на оваа тема.
На неодамнешното доделување на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, лауреат стана фудбалерот на Манчестер сити Родри. Фактото дека Винисисус не ја доби Златната топка не му се допадна на Реал Мадрид. Перез и забрани на делгацијата да отпатува во Париз.
Потоа стигнаа пораките за поддршка на Винисиус од клубот, соиграчи од Реал, а сега стигна јавно дојде и поддршката од претседателот на Реал.
„Винисиус, ти си најдобриот играч на светот. Сакам да знаеш дека навивачите на Реал Мадрид се горди на тебе, за се што требаше да издржиш во нефер времиња и моменти, а сето тоа те направи играчот што си денес“, рече Перез.
Пораката на претседателот на Реал повторно одекна и донесе разни коментари, но дефинитивно е дека тој повторно успеа во намерата, да го сврти вниманието кон Реал Мадрид и Винисиус.
Спорт
Терие во аут до крајот на годината
Напаѓачот на Баер Леверкузен, Мартен Тиери ќе биде надвор од терените до крајот на годината поради скршеница на раката.
Французинот се повреди вчера во убедливиот триумф над Хајденхајм (5:2) во натпреварот од 11. коло на Бундеслигата.
Само неколку минути по влегувањето на теренот, Тиери се здоби со фрактура на раката. .
„Операција не е неопходна и Тиери треба да му биде на располагање на освојувачот на на германската „двојна круна“ на почетокот на новата година“, објави клубот.
Тиери по четири години во Рен летово потпиша за Баер, со клубот потпиша петгодишен договор.
Бранителот на титулата не блеска во германскиот шампионат, а Чаби Алонсо поради повреди не може да смета на уште двајца напаѓачи, Виктор Бонифејс и на Амин Адли.