Спорт
Хамилтон и Ботас со 1-2 на Имола, Мерцедес со рекордна седма титула
Луис Хамилтон триумфираше при враќањето на Формула 1 шампионатот на славната патека Имола, а со второто место и 1-2 победата, Мерцедес го срушија рекордот на Ферари освојувајќи ја седмата титула во низа кај конструкторите, одбележувајќи една од најдоминантните ери во Ф1 историјата.
Од друга страна, главните предизвикувачи на Мерцедес последните неколку сезони, Ред бул рејсинг имаа кошмар во Итаија, откако Макс Ферстапен од третото место излета по дупната задна гума предизвикувајќи излегување на безбедносното возило, а неговиот колега Алекс Албон направи грешка при рестартот за да заврши на последното место (15.).
Ваквиот развој на ситуацијата го искористи Даниел Рикардо во Рено, освојувајќи го последното место на подиумот по тесната борба со Данил Квјат во Торо росо, а во топ 5 беше и Шарл Леклер во уште една слаба трка за Ферари. Во поени завршија и Серхио Перез (Рејсинг поинт) на шестото место, пред двојката на Мекларен, Карлос Саинс Јуниор и Лендо Норис и Кими Раиконен и неговиот колега од Алфа Ромео, Антонио Џовинаци.
Со ова остварување, Мерцедес се израмнува на четвртото место на вечната листа во Ф1 со седум титули со Лотус. Ферари остануваат најуспешниот тим со 16 титули, Вилијамс се втори со 9, а Мекларен се на третото место со 8. Ферари имаа шест титули во низа во легендарната ера со Михаел Шумахер од 1999 до 2004.
HAMILTON WINS!! ?
He takes victory #93 at the Emilia Romagna Grand Prix
Bottas second, with Ricciardo coming home P3!#ImolaGP ?? #F1 pic.twitter.com/mbmydh8EOf
— Formula 1 (@F1) November 1, 2020
LAP 59/63
Disaster for Alex Albon after the restart – he collides with Carlos Sainz and drops back to P15 ?#ImolaGP ?? #F1 pic.twitter.com/sAiFjVy8z1
— Formula 1 (@F1) November 1, 2020
LAP 51/63 – SAFETY CAR
Max Verstappen is OUT of the race from P2 – tyre trouble brings his race to a dramatic end! ?#ImolaGP ?? #F1 pic.twitter.com/an7USVqyyi
— Formula 1 (@F1) November 1, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos

