Црна хроника
Камионџија прегазил пешак во Стење, по што побегнал

Претпладнето во сообраќајна несреќа, загина 80 годишен пешак од Преспанското село Стење, јави битолската телевизија Тера.
Според полицијата во пешакот удрил камион марка Ивеко сопственост на битолска фирма, а управуван од 26 годишен битолчанец. Откако го удрил пешакот, камионот го напуштил местото на несреќата, но полицијата набргу потоа го пронајде возилото.„Според првичните сознанија, обезбедените материјални докази и обавените разговори со очевидци на настанот, истиот се случил на начин што, лицето кое го управувало товарното моторно возило, кога дошло на критичното место, каде преземало дејствија-враќање наназад, во еден момент, со задното лево тркало од возило го прегазил пешакот, кој се движел во истата насока, откако претходно го соборил на коловозот“, соопшт полицијата. Од ударот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на местото на незгодата, по која возилото го напуштило местото на настанот. Меѓутоа, набргу потоа, од страна на политициски службеници од Ресен, возилото на кое се пронајдени траги од незгодата е пронајдено, а од обавените разговори со очевидци на настанот, првично е констатирано дека се работи за истото возило како учесник во настанот. /крај/тт/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот