Европа
Нема веќе слободни кревети во Брисел, пациентите се испраќаат во други држави
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/korona-x-epa.png)
Болниците во Брисел веќе немаат слободни кревети за интензивна нега на пациенти со коронавирус. Останатите 100 слободни места на национално ниво ќе бидат пополнети во следните неколку дена, предупредуваат белгиските здравствени власти.
Со над 600 нови хоспитализации дневно и вкупно 6.823 пациенти на болничко лекување, од кои над 1.300 на интензивна нега, Белгија неделава го надмина врвот на првиот бран на пандемијата, кога станува збор за исполнетост на болничките капацитети. Единиците за интензивна нега во Брисел достигнаа максимум, а новите пациенти се префрлени во други болници низ земјата и во странство.
Здравствениот инспекторат предупредува дека во неделата, на 1 ноември, сè уште биле достапни само 106 од 2.000 места на интензивна нега во Белгија. Во исто време, за време на викендот беше интензивиран трансферот на пациенти со коронавирус од белгиски во германски болници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Огромна количина оружје пристигнува во Украина од Америка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/raketi-ukraina.jpg)
Соединетите Држави ќе испратат на Украина нов пакет воена помош во вредност од дури 2,3 милијарди долари, потврди денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Пакетот ќе вклучува клучни системи за противвоздушна одбрана, како и противтенковско оружје. Тоа е еден од највредните пакети за воена помош од почетокот на војната.
Потврдата за новиот пакет воена помош доаѓа во време кога ослабените и побројни украински сили се обидуваат да ја задржат руската офанзива, при што Русите во последно време често освојуваат села во источна Украина.
„САД наскоро ќе објават пакет воена помош во вредност од над 2,3 милијарди долари“, рече Остин на почетокот на средбата со неговиот украински колега Рустем Умеров.
„Пакетот ќе вклучува противвоздушни одбранбени системи за пресретнување на ракети, противтенковско оружје и разновидна критично потребна муниција. Сето ова ќе дојде од американските резерви“, рече Остин.
„Новиот пакет помош ќе им овозможи на САД да испратат повеќе противвоздушни ракети Патриот и НАСАМС, кои ќе бидат испратени по итна постапка“, додаде тој.
Умеров му се заблагодари на Остин за помошта, велејќи дека „благодарение на помошта на сојузниците, ќе ја запреме Русија и нејзината агресија“.
Америка е клучен сојузник на Украина во одбраната од руската агресија која трае речиси 2,5 години. Од почетокот на војната, САД испратија оружје и друга воена опрема во вредност од 51 милијарда долари.
Европа
Шумски пожар во популарно турско одморалиште: „Продолжуваме со воздушна и копнена интервенција“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/pozarnikari-shuma1.jpg)
Шумски пожар избувна во неделата во областа Лара во турското летувалиште Анталија, каде што се наоѓа хотелски комплекс, соопшти градоначалникот на градот, Мухитин Бејек.
„Продолжуваме со воздушната и копнената интервенција за гаснење на пожарот што избувна во шумската област во регионот Лара“, изјави тој на социјалната мрежа „Икс“.
Бејек додаде дека властите се во состојба на готовност поради зголемениот ризик од шумски пожари истакнувајќи дека моментната температура во Анталија е 36 степени. Претходно денеска, беше објавено дека големи шумски пожари ги зафатија турските провинции Чанаккале, Измир и Ајдин.
Во провинцијата Чанаккале пожар зафати земјоделско земјиште во регионот Езине. Спасувачите морале да ги евакуираат жителите на неколку села. Шумски пожари ги зафатија областите во близина на градовите Бурса, Едрене, Баликесир, Караман и Караманмарас.
Европа
(Видео) Украинците објавија невидени снимки од преземањето на Змискиот Остров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/zmiski-ostrov-prezemanje.jpg)
Досега невидени снимки објавени вчера од Украинската служба за безбедност (СБУ) покажува како киевските сили пред две години зазеле клучен пункт во Црното Море. Украинските сили, заедно со агентите на СБУ, „спроведоа уникатна и исклучително важна операција“ на Змискиот Остров во јуни 2022 година, се вели во објавата на СБУ во „Телеграм“.
Московските воени авиони го гаѓаа Змискиот Остров во првите часови од инвазијата, која почна на 24 февруари 2022 година. Украинските војници стационирани на островот добија култен статус кога одговорија со пцости на барањето да се предадат.
Судирите меѓу руските и украинските војници за Змискиот Остров повторно се најдоа на насловните страници во јуни истата година. Украинците ја презедоа контролата на островот, а Русите најавија дека ќе се повлечат од островот.
Звільнення о. Зміїний: унікальні кадри воїнів СБУ
У червні 2022 року спецпризначенці ЦСО «А» СБУ разом із бойовими побратимами з ГУР МОУ та ЗСУ провели унікальну та надзвичайно важливу операцію.
Пам’ятаємо Героїв України, які віддали свої життя у цій битві.
1/3 pic.twitter.com/qtDOT8nNLg
— СБ України (@ServiceSsu) June 30, 2024
„Руските вооружени сили ги завршија задачите на Змискиот Остров и се повлекоа“, изјави тогаш портпаролот на руското Министерство за одбрана.
Видеото на СБУ покажува како украинските војници се приближуваат до Змискиот Остров и пукаат во цели. Камерите покажуваат и војници како слетуваат на островот и се пробиваат низ срушените згради додека пукаат со оружје, пишува „Њузвик“.
Операцијата „се состои од неколку фази“, соопшти СБУ. Тие додадоа дека повторното заземање на Змискиот Остров „било од стратешко значење бидејќи оттогаш почнало постепеното движење на непријателот од Црното Море“.
Кирило Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка агенција (ГУР), претходно го опиша Змискиот Остров како стратешки клучен од цивилни, комерцијални и воени причини. „Оној што го контролира островот може во секое време да го блокира движењето на цивилните бродови во сите правци кон јужна Украина и да ја нападне западна Украина“, рече Буданов во средината на мај 2022 година.
Островот се наоѓа во близина на Романија во северозападниот дел на Црното Море. За време на војната, Украина ја ослабе руската Црноморска флота, која делумно оперира од руската база Севастопол, на западниот раб на анектираниот полуостров Крим.
Извештаите сугерираат дека Кремљ планира нова воена база во пристаништето Очамчире во Абхазија, отцепен регион на Грузија. Ова би ги ставило руските бродови уште подалеку од украинскиот брег. Западното разузнавање процени дека Русија веќе ја ограничила својата активност во северозападниот дел на Црното Море преместувајќи ги своите бродови уште на исток во својата база во Новоросијск.