Црна хроника
Во Приштина уапсен Лирим Јакупи Нацист
Косовската полиција во недела доцна попладне соопшти дека го уапсила Лирим Јакупи Нацист, кој е баран и од македонската полиција со потерница по акцијата „Планинска бура“
Според белградската агенцијa Beta, Лирим Јакупи Нацист бил уапсен во стан во Приштина, при што биле најдени автоматско оружје, два пиштола и две гранати.Како што соопштила косовската полиција Јакупи е ставен во 48-часовен притвор, по што ќе се разгледува можноста за екстрадиција во Македонија. Јакупи кој е дел од групата која иёбега од косовскиот затвор Дубрава, е баран заради серија убиства, терористички акции и други криминални дејствија сотерени на териториите на Косово, Македонија и јужна Србија, беше инволвиран во случувањата во Кондово во 2004-та кога се вршеше притисок да не успее референдумот за неприфаќање на новата територијална поделба во Македонија. Тогаш успеа да и’ избега на македонската полиција од стан во зграда во Тетово, при што загинаа двајца негови помагачи. Тој по бегството од Косово се криеше на македонска територија и беше дел од екстремната група која дејствуваше во тетовското село Бродец во 2007 г., но и тогаш успеа да се засолни пред да почне полициската акција.При акцијата „Планинска бура“, македонската полиција заплени поголемо количество оружје во Бродец, а беа убиени и шестмина припадници на терористичката група која пружи отпор при повикот да се предаде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

