Контакт

Вести

Клинтон: На Израел му се заканува изолација

Објавено пред

Во интервју за индискиот новински канал НДТВ поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, предупредил дека на Израел му се заканува изолација поради постојаното повторување на судирите во појасот Газа.
 

dobivaj vesti na viber

Во интервју за индискиот новински канал НДТВ поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, предупредил дека на Израел му се заканува изолација поради постојаното повторување на судирите во појасот Газа.

 

Во последните десет дена за време на израелското бомбардирање и гранатирање на Газа според информациите на странските новински агенции убиени се повеќе од 220 Палестинци, претежно цивили, во знак на одмазда за лансирањето на повеќе од 1.200 ракети од оваа палестинска територија која е под контрола на Хамас.

 

„Долгорочно гледано не е добро за Израел да се држи изолиран од страна на светското мислење во недостаток на мировен процес“, нагласил Клинтон кој истакнал дека на краток рок Хамас може да му нанесе ужасна штета на Израел, принудувајќи го да убива невини цивили.

 

Според него стратегијата на Хамас е да го „принуди“ Израел да убива палестински цивили со што остатокот од светот би ја осудил ваквата акција на Тел Авив. Од друга страна пак, Израел не може да испадне будала и да не одговори на силните ракетни напади, рекол Клинтон.

 

Поранешниот претседател на САД, кој вршел притисок да се постигне сеопфатен мировен договор на самитот во Кемп Дејвид во 2000 година, апелирал до израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, да ги обнови сериозните преговори.

 

„Верувам дека премиерот Нетанјаху може и треба да склопи сеопфатен мировен договор со Палестинците“, истакнал Клинтон, изразувајќи при тоа уверување дека 60 отсто од Израелците би го поддржале Нетанјаху.

 

Според него целта би требало да биде мировен процес кој ќе обезбедува признавање на безбедноста на Израел, ќе гарантира мир и кој на Палестинците ќе им ја даде нивната држава, пренесува АФП./крај/мф/ап 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Обвинителството тврди дека Палевски го возeл „реното“ на денот на грабнувањето на Вања, одбраната негира

На денешното рочиште за грабнувањето и убиството на 14-годишната, Вања Ѓорчевска и убиството на велешанецот Панче Жежовски, Обвинителството прикажа снимка...

Македонија2 часа

Нема договор за минималната плата, ќе се дефинира официјална потрошувачка кошница, велат од Организацијата на работодавачите

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика,...

Македонија4 часа

Филков ја разреши судијката Алексовска-Стојановска од работната група за измени на Кривичниот законик: Да се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина

Министерот за правда Игор Филков ја разреши судијката Даниела Алаксовска-Стојановска од членство во работната група за измени на Кривичниот законик,...

Македонија6 часа

Трајкоска-Стрезоски за случајот со прегазената Фросина: Одговорност на судијката не би требало да има, лично ја познавам

Претседателката на Академијата за судии и обвинители, Ирина Трајкоска-Стрезоски, оценува дека судиите се професионалци, кои работат во согласност со законот,...

Македонија6 часа

Не би сакал во вакви моменти на чувства да се носат избрзани одлуки, вели Камбовски за случајот на смртно прегазената Фросина

Судскиот совет будно го следи случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино, уверува претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски....

Македонија7 часа

Секоја година од рак на грлото на матката заболуваат речиси 200 жени, Владата итно да ги зголеми средствата, бараат здруженијата

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), по повод Светскиот ден за борба против ракот, ги повикува Владата...

Македонија7 часа

Се проширува истрагата во „Адитив“- осомничени осум нови лица, а тројца претходно осомничени се товарат и за перење пари

Од досега спроведената истражна постапка за предметот познат во јавноста како „Адитив“, во насока на проширување на постапката, под раководство...

Топ8 часа

(Видео) Претреси на повеќе локации во Скопје, Велес и Прилеп, уапсени 10 лица, запленети 500.000 евра: МВР објави снимка

На 02.01.2025 реализирана е меѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните...

Македонија8 часа

Мицевски: Поднесовме барање за јавна расправа во Собранието за законски измени и зајакнување на безбедноста во сообраќајот

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски преку социјалните мрежи информираше дека пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и...

Македонија9 часа

СДС го партизира судството, во куќа на таткото на судијката Алексовска-Стојановска смести општински штаб, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го окупираше и го зароби правосудниот систем. Во судството се потребни итни и неодложни реформи. Седум години власт наместо...

Свет10 часа

Путин: Трамп многу бргу ќе го врати редот, а европските елити ќе застанат пред нозете на својот господар и нежно ќе мавтаат со опашката

Американскиот претседател Доналд Трамп со својот лик многу брзо ќе го врати редот, а европските елити ќе застанат пред нозете...

Европа10 часа

Француски хирург со години силувал деца под анестезија: почнува неговото судење

Поранешен хирург обвинет за злоупотреба на стотици млади пациенти, често додека тие биле под анестезија, ќе оди на суд овој...

Европа10 часа

(Видео) Голем украински напад со дронови, Русија ги затвора аеродромите

Украина синоќа употреби беспилотни летала за да ги нападне објектите за гориво и енергија во руските региони Астрахан и Волгоград....

Европа11 часа

(Видео) Зеленски: Украина е поблиску до мир од кога и да било од почетокот на војната

Украина успеа да ја одбрани својата држава и независност и сега е поблиску до мир отколку кога било во речиси...

Свет11 часа

Трамп: Набргу воведуваме царини за Европската Унија, тие навистина нѐ искористија

Царините за стоките увезени во САД од ЕУ ќе се случат „многу наскоро“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. „Тие навистина...

Свет12 часа

(Видео) Канадските навивачи ја исвиркаа американската химна неколку часа по одлуката на Трамп

Неколку часа откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави воведување високи царини за канадски увоз, а по контроверзните предлози на...

Македонија23 часа

(Фото) Илјадници граѓани пред Кривичниот суд, извикуваат „оставка“ и „правда за Фросина“

Граѓаните кои протестираат пристигнаа пред Кривичниот суд. Поради масовноста на протестот, толпата не продолжи кон Обвинителството, па од Собранието тргнаа...

Македонија1 ден

(Фото) Три минути молк пред Собранието на Македонија

Демонстрантите стигнаа до Собранието. Во тек е триминутен молк и тука. Стотици граѓани со транспаренти во ист глас извикуваа „Убијци!“...

Македонија1 ден

(Фото) Граѓаните тргнаа кон Собранието

Присутните граѓани на протестот „Секој еден може да е следен“ тргнаа кон Собранието, оттаму ќе се уптатат кон Основното јавно...

Македонија1 ден

(Видео) Три минути молк на почетокот на протестот

Протестот на Партизанска започна со три минутен молк. Присутни се голем број граѓани со транспаренти на кои пишува „Безбедноста е...