Контакт

Вести

Ново полициско убиство на црнец и протести во САД

Објавено пред

Демонстрантите во јужното калифорниско гратче Ел Кахон, 25 километри североисточно од Сан Диего, побараа во средата спроведување истрага откако полицаец убил невооружен црнец, пренесува Reuters во чиј извештај се додава дека новиот протест следел откако последните две седмици во два американски града се случија слични инциденти кои предизвикаа слични реакции.

dobivaj vesti na viber

Во најновиот инцидент, двајца полицајци одговориле на повикот дека еден афроамериканец, на околу триесетина години, „не се однесува присебно“. Полицијата не можела веднаш да ја идентификува жртвата, но локалните активисти и блиски на застреланиот тврдат дека станува збор за Акфред Оланг, роден во Уганда. Тврдат дека бил ментално болен и дека во моментот на инцидентот можеби имал напад.

Полицајците околу два часот утрото по локално време го пронашле Оланг зад еден ресторан и му наредиле да ја извади раката од џеб, но тој тоа одбил да го стори. Според полицискито извештај, нервозно одел горе-долу и одеднаш од предниот џеб од панталоните извадил некој предмет и со двете раце ги вперил во полицајците, Полицајците истовремено пукале. Оружје на местото на настанот не е пронајдено , а не е објавено кој предмет жртвата го извадила од џебот.

Две години демонстрантите во 170 американски градови протестираат и извикуваат „Не пукај“ и „И животите на црниците вредат“ протестирајќи затоа што белите полицајци во загрижувачки број смртно застрелуваат црните, а таквите полициските убиства на припадниците на афроамериканската заедница во САД потсетуваат на линчувања и тамошната влада мора да стори многу повеќе за да ги заштити, тврди работната група за чијшто извештај ќе расправа Советот за човекови права на Обединетите нации, кој се темели на посетата на САД во јануари годинава на петчлената група со којашто претседава филипинскиот професор по право Рикардо А. Сунга Трети.

Оваа остра критикa, со којашто сегашното постапување на американската полиција се споредува со убиствата на црнците од XIX и XX век, доаѓа во периодот на новиот бран расни тензии во САД. Претходно седмицава во градот Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина, избувнаа насилни протести откако црн полицаец го уби црнецот Кејт Скот. Минатиот пето белата полицајка којашто застрела невооружен црнец им се предаден на властите во градот Тулса, во сојузната држава Оклахома.

„Најновите полициски убиства и траумите кои ги предизвикуваат тие, потсетуваат на расистичките линчувања од минатото“, се наведува во извештајот на работната група на ОН составена од експерти за луѓето од африканско потекло кој беше претставен кон крајот на минатата седмица. Повеќето од жртвите на линчувањата се убиени со бесење. Во извештајот на непрофитната организација Иницијатива за еднаква правда од 2015 година, се наведува дека 3.959 црнци се убиени во „расистичките линчувања“ во неколку сојузни јужни држави во периодот од 1877 до 1950 година.

Американските полицајци во минатата 2015 година фатално застрелале околу илјада цивили, се наведува во студијата изработена од весникот The Wasington Post, објавена на почетокот од годинава. Според податоците вкупниот број на жртвите на полициското насилство или прекумерна употреба на сила во САД изнесувал 965 цивили, од кои 564 во моментот на конфликт со полицијата биле вооружени со пиштол, кај други 281 имало оружје од друг вид, и 90 лица биле невооружени. Според студијата, главниот тренд за полициското отворање оган била расната нетрпеливост. Така, и покрај тоа што афроамериканците се само 13 отсто од вкупното население во САД во 2015 година, дури 40 отсто од жртвите на полициската бруталност се токму невооружените црни Американци, покажува базата на податоци на весникот. Исто така, во моментов 40 отсто од сите затвореници во САД се црнци.

Во повеќето случаи, пак, кога полицаец отворил оган и смртно застрелал човек кој го нападнал со некој вид оружје, напаѓачот бил белец, а енормно е помал и бројот кога лицата со заканувачко однесување биле црни или хиспаноамериканци. Весникот го започнал проектот во кој се следат извештаите за жртвите од полициски оган во 2015 година по убиството за кое е обвинет белиот 26-годишен полицаец Дарен Вилсон го застрела 18-годишниот невооружен афроамериканец Мајлк Браун во Фергусон, предградие на Сент Луис, по што започнаа низата протести и безредија ширум САД за многу слични случаи.

Меѓутоа, едно истражување од претходната 2014 година што го спровела непрофитната корпорација ProPublica покажа дека дури 21 пат е поголема веројатноста темнокожите млади Американци да станат жртви на тамошната полиција отколку нивните бели врсници. Соработниците на ProPublica истражувале 1.217 престрелки со полицијата со смртни последици во периодотод 2010 до 2012 година. Притоа, според резултатите од студијата, поголемиот дел од таквите инциденти се однесува на случаи во кои биле инволвирани афроамерикански тинејџери на возраст од 15 до 19 години, односно 31,17 на милион црнци биле убиени во вакви инциденти, наспроти 1,47 на милион белци на споменатата возраст. Анализата на ProPublica покажува дека станува за многу остра разлика, којашто ја илустрира со тоа дека за да биде еднаков ризикот за двете споредувани групи тинејџери, би биле потребно три години во кои седмично би гинеле дури 185 седмично.

Професорот на државниот универзитет Мисури, Дејвид Клингер, експерт за полициска употреба на смртоносна сила, изјави за публикацијата дека бројките можеби и не се точни, бидејќи Федералното истражно биро (FBI) не е обврзано да обезбеди целосни податоци за спроведените истраги. Сепак, според професорот, „малку е веројатно дека има значителна грешка“ во податоците од споменатото истражување.

Истражувањето, исто така, покажува дека просечната возраст на убиените во разни акции на припадници на американската полиција за aфроамериканците изнесува 30 години, додека за белците 35 години.Покрај тоа, меѓу полицајците кои нанеле фатални истрели на тинејџери, поголемиот дел се бели Американци, додека бројот на темнокожите полициски офицери е само 10 отсто.

Активистите на ProPublica го спроведувале истражувањето врз основа на податоците од извештаите на FBI. Во студијата се наведува дека во истражувањето се вклучени детални податоци од повеќе од 12 илјади полициски убиства во периодот од 1980 до 2012 година содржани во извештаи на FBI, при што се забележува контрадикторност во извештаите меѓу стотици полициски станици низ земјата, како и дека во изминатите 33 години недостигаат извештаи од полициски станици за познати случаи. Анализата за ризикот на ProPublica за полициските убиства на тинејџери, како што се заклучува, укажува на она што со децении беше само сомневање дека црните млади мажи се почесто жртви отколкуостатокот од населението на САД.

Ниту Хилари Клинтон ниту Доналд Трамп во своите предизборни говори досега не кажаа ништо што афроамериканците и ги навело да помислат дека како евентуални следни американски претседатели би им ги решиле нивните проблеми. Клинтон неодамна изјави дека ума уште многу непознати за овие инциденти, но дека се знае оти имињата се допишуваат на списокот убиени црнци. Но не пропушти да каже дека полицајците секојдневно храбро иѝ служат на земјата. Со таквата метода на седење на две столици по ова прашање се случи и Трамп, кој наведен оти се надева на смирување на последните расни немири./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ДУИ ги соопшти имињата за градоначалници и во Тетово и Желино, за Гостивар ќе чека предлог од Таравари, а за Струга од Села

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа...

Македонија3 часа

Бујар Османи ја објави кандидатурата за градоначалник на Чаир: „Не се работи за функција“

Бујар Османи од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на општина Чаир. Одлуката,...

Македонија4 часа

Стабилизирана ситуацијата со пожарот кај Преспа, продолжува гаснењето во прилепско

Пожарот што избувна во близина на Преспанското Езеро е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Економија8 часа

Мицкоски предлага пет различни потрошувачки кошнички: Не се исти потребите на еден пар пензионери и на еден млад брачен пар

На првата седница Економско-социјалниот совет во кој ќе членуваат претставници на сите синдикати, ќе се разгледува нов начин на пресметување...

Македонија10 часа

(Видео) „Во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут, СДС и Каја губат во првиот круг“, вели Манасиевски

„СДС И Каја Шукова губат во прв круг, во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут. Кој...

Македонија10 часа

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже – „гласав за банките, а не за народот”

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, повторно, по трет пат ќе ги поднесе измените...

Топ11 часа

Две скопјанки се истепаа во автокамп на Охридското Езеро, подоцна се вклучило уште едно лице

Вчера во 20:54 часот, во авто-камп лоциран на Охридското езеро, 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., двете од Скопје...

Топ11 часа

Маж од Србија пронајден мртов на охридското крајбрежје

Вчера во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато...

Економија12 часа

Пониски цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија14 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова го прогласи отворен Летниот европски младински олимписки фестивал

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчеравечер го прогласи за отворен Летниот европски младински олимписки фестивал и рече дека организацијата на...

Свет15 часа

Односот меѓу Трамп и Путин се менуваше во текот на годините, сега се чека конечен резултат

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна му даде на Владимир Путин 50 дена да постигне мировен договор и најави драстични трговски...

Свет16 часа

(Видео) Кина почнува со изградба на најголемата хидроелектрана во светот, Индија и Бангладеш загрижени

Кинескиот премиер Ли Чијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот, која се наоѓа на источниот...

Европа16 часа

(Видео) Ноќен напад врз Киев: најмалку едно лице загина, чад влезе во подземно засолниште

Најмалку едно лице загина, а две други беа повредени во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Киев...

Македонија17 часа

Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка – реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на...

Македонија17 часа

(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино. Поради разгорување...

Македонија17 часа

Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда

До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски – со партиска милиција под своја контрола

Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, рече...

Економија1 ден

(Видео) Мицевски: Обезбедени се средства од двата повици на Владата за Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите општини и сите граѓани

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка изјави дека преку двата повици на Владата, за...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: СДС во октомври ги очекува дебакл

СДС ги очекува невиден дебакл во Скопје. Изборите ќе ги изгубат во октомври, како што 1 + 1 = 2....