Спорт
Манчестер Јунајтед ја одредиле цената за Пол Погба
Пол Погба нема место во стартниот тим на Манчестер Јунајтед во последните неколку месеци. Поради тоа светски медиуми повторно ги започнаа шпекулациите дека ќе замине од „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед, пред неколку месеци, ја искористи опцијата и автоматски му го продолжи договорот на Погба до 30.јуни 2022 година. Сепак тоа не значи дека тој ќе остане во клубот до истекот на договорот.
Англиските медуми тврдат дека Јунајтед биле подготвени да го понудата на некој друг клуб за многу помала сума од она што платија за него.
Летото во 2016 година, Манчестер Јунајтед на Јувентус, за трансферот на Погба, им платија 105 милиони евра.
Медиумските шпекулации говорат дека Јунајтед се подготвени да го продадат францускиот репрезентативец за речиси дупло помала цена, односно за 60 милиони евра.
Во минатото Погба се поврзуваше со Реал Мадрид и Јувентус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија победи и обезбеди уште едно место за Македонија во европските купови
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Победата на Шкендија над Шелбурн (1:0), во второто коло од Конференциската лига е историски момент за македонскиот фудбал. Шкендија стана првиот македонски клуб со победа во главната фаза од едно меѓународно натпреварување. Трите бода се исклучително значајни за македонскиот фудбал.
Благодарение на оваа победа, Македонија ја престигна Црна Гора на листата на УЕФА за национални коефициенти и се проби меѓу првите 50 фудбалски земји во Европа според тој параметар.
Ова значи дека од сезоната 2027/2028, Македонија ќе има четири претставници во европските натпреварувања, додека Црна Гора ќе падне на три.
Зад Црна Гора која е на 51-во место останаа само четири земји: Гибралтар, Грузија, Велс и Сан Марино.
Скокот на Македонија, од друга страна, потврдува дека континуитетот и инвестирањето може да донесе резултати.
Спорт
Рафа Бенитез го презеде Панатинаикос
Рафа Бенитез е новиот тренер на Панатинаикос. Клубот потврди дека Шпанецот препладнево потпишал две годишен договор.
Познатиот шпански стручњак, кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул, стана најплатениот тренер во историјата на грчкиот фудбал.
За две години од неговите услуги, Панатинаикос ќе издвои четири милиони евра.
Целата приказна е генерално доста чудна, особено од аспект на платата, бидејќи кариерата на Бенитез одамна е во слободен пад. Неговата последна работа беше во Селта, каде што беше отпуштен во март и остана два бода над зоната за испаѓање.
Патанатинакос е 17-тиот клуб што Рафа ќе го води од клупата.
Тој имаше најголем успех во Ливерпул и Валенсија, а донесе и трофеи на Интер, Челзи, Наполи и Њукасл.
Патанаикос ја чека титулата грчки шампион од 2010 година. Последната титула беше Купот освоен во 2024 година. Во четврток, Панатинаикос беше поразен од Феенорд со 3:1 во Лигата на Европа.
Во ова натпреварување, новиот тим на Бенитез има една победа и два нерешени порази. Што се однесува до грчката лига, Панатинаикос има девет бода од шест натпревари.
Шпанецот ќе го има своето деби во недела, кога Астерас ќе гостува кај Панатинаикос.
Спорт
Јамал за Реал: Крадат, се жалаат, тоа е она што го прават
Ламин Јамал не ги бираше зборовите кога зборуваше за Реал Мадрид пред престојното „Ел Класико“. Изјавите на младиот напаѓач не им се допаднана навивачите на „кралскиот клуб“.
Во емисијата „Лига на кралеви“, која ја основа Џерар Пике, младиот фудбалер кажа нешто што можеби не требаше, со цел да го доближи фудбалот до помладата публика.
Јамал, кој го претставува фудбалскиот клуб Ла Капитал во гореспоменатата лига, играше против Ибаи Љанос, кој е добро познат инфлуенсер и го претставува тимот на Порсинос.
Токму тој тим Џамал го спореди со Реал Мадрид, со не многу убави зборови.
„Да, тие крадат, тие кукаат, тоа е она што го прават“.
Кога Љанос, страствен навивач на Реал, конкретно го праша: „Чекај, дали Реал краде?“, Јамал се корегираше, но сепак одговори потврдно со рацете и рече:
„Добро, ајде да видиме, ќе видиме“.
Сигурно е дека нема овие зборови на Ламин Јамал нема да му ги простат во Мадрид,
Големото дерби се игра во Мадрид в недела, со почеток во 16.15 часот.

