Црна хроника
Приведени седум лица од Боговиње поради тепачка

Седум лица од тетовското село Боговиње вчера биле приведени од страна на полицијата поради физичка пресметка.
„Б. М. (42), А. М. (53), З. М. (41), Е. Б. (30), И. Б. (29), Ќ. Б. (58) и В. Б. (32), сите од с. Боговиње, Tетовско, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која користеле тврди и остри предмети. Тие биле задржани во полициска станица за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Подоцна, при претрес извршен во домот на Ќ. Б. (58), биле пронајдени гасен пиштол, куршуми и нож. По документирање на случајот, против пријавените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Охриѓанец почина по разговор во полициска станица, на излезот му се слошило

Седумдесет и петгодишен маж од Охрид (Ј.А.) почина по службен во разговор во полициската станица во овој град.
Според информацијата на СВР Охрид, на излезот од објектот на мажот му се слошило.
Со Итната медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Охрид, по што за помалку од еден час починал.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Претрес во Демирхисарско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

Утрово во 04.00 часот во с.Слепче, демирхисарско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.П.(67) од с.Слепче.
При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени еден пиштол, три пушки, 143 куршуми различен калибар, рамки за куршуми, документи и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето било приведено во полициска станица Демир Хисар и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Приведени две лица при претрес во Пробиштип

Синоќа во 19.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип ги лишиле од слобода Ј.Ј.(39) и П.Ј.(68), двајцата од Пробиштип.
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, куршуми со калибар 7,62 мм и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.