Спорт
Мејведер освои 160.000 долари на обложување на НФЛ-меч
Флојд Мејведер Јуниор освои фантастични 160.000 долари на обложување на еден меч во НФЛ, кој го следеше на забава покрај базен со шанкерки облечени во бикини!
Еден од најдобрите боксери во историјата се обложил на огромни 200.000 долари за победа на Грин Беј пекерс над Сан Франциско 49ерс и облогот се исплатил – Пекерс победи со 34:17 и боксерот профитира.
Тој го следеше мечот во барот„Сирка“ во Лас Вегас, каде што спортските натпревари се гледаат од базен, а шанкерките носат само бикини. По ова, Мејведер не би бил Мејведер да не се пофали со кешот на седиштето на својот „шевролет супер спорт“.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шокатнтен пораз на Баерн среде Минхен
Фудбалерите на Баерн Минхен, во 19-то коло, го забележаа првиот пораз сезонава во Бундес лигата. Лукалниот ривал од Баварија, Аугсбург, го шокираше шампионот среде Минхен.
Делуваше дека актуелниот шампион ќе забележи уште една рутинска победа кога поведе со голот на Ито во 23-та минута. Сепак, тотален шок следеше во последната фаза од натпреварот, кога гостите ги постигнаа двата гола.
Артур Чавез за 1:1 (76-та минута) и Маенго во 81-та минута.
Баерн се обиде да израмни на крајот, но Аугсбург успеа да ги одбие сите напади и да освои три важни бода во борбата за опстанок. Најдобрата шанса ја пропушти Олисе, кога ја затресе пречката.
Резултати:
Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1:0 (1:0)
/Лукас Васкез 38/
Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм 1:3 (1:0)
/Калимуендо 18 – Бургер 52, Кабак 60, Аменда 65/
Мајнц – Волфсбург 3:1 (0:1)
/Тиц 68, Бел 74, Амири 84 пен.- Амура 3/
Хајденхајм – РБ Лајпциг 0:3 (0:0)
/Баку 62, Нуса 68, Раум 71/
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Комо со шест парчиња го честеше Торино
Во италијанската Серија А се играат натпреварите од 22-то коло, а попладнево екипата на Комо го декласираше Торино со 6:0.
Дебаклот на „биковите“ го најави Гркот Дувикас во седмата минута. Само осум минути подоцна, Комо ја дуплираше предноста со прекрасен гол на Батурина.
Серијата голови во вториот дел ја отвори Де Куња од пенал, во 59-та минута. Седум минути подоцна беше постигнат четвртиот гол, по акцијата на Батурина, Дувикас го постигна својот втор гол.
Д крајот по гол за Комо постигнаа Кун и Какра.
Комо сега има 40 бода на петтото место, а Торино е сè уште на 23 бода, по четвртиот последователен пораз.
Foto/ EPA
Спорт
Историски меч – Франција ја прегази Португалија
Франција ја прегази Португалија со 46:38, во првиот мел од второто коло, во Групата 1 на ЕП.
Нестварен меч одиграа Французите, а победата ја најавија по само 10 минути игра. На крајот, Португалците загубија со само осум голови разлика.
Неколку рекорди беа постигнати на овој натпревар. Франција постигна најмногу голови во едно шолувреме (28), го изедначи сопствениот рекорд за најмногу голови на една селекција (46).
Франција и Португалија постигнаа најмног голови во едно полувреме (28:15) и најмногу голови на еден натпревар (84).
Мем со осум и Ричардсон со шест ја предводеа Франција, на спортивната страна со по пет гола се истакнаа Бранкиљо, Роча, Итуриза и Брандао.
Foto/ EPA

