Црна хроника
Момче од Кавадарци пронајдено со убодни рани, приведени се две лица
По полноќ во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на раскрсница од улиците „Браќа Џунови и „7 Септември“ во Кавадарци, кај фонтаната, имало повредено лице со убодни рани. По извршени проверки е констатирано дека станува збор за К.М.(28) од Кавадарци, кој бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. По наредба на Јавен обвинител, две лица се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.
На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.
За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен охриѓанец
Синоќа во 19:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.С.(40) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна пријава дека тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 25-годишник од Берово: пијан и без возачка управувал противправно одземено возило, а се обидел и да избега од полицијата
Ноќеска во 01:15 часот на улица „Индустриска“ во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода 25-годишниот Е.Џ. од Берово. Лицето било затекнато при управување на моторно возило кое претходно било противправно одземено на подрачјето на Берово, а по даден знак за запирање се дало во бегство.
По преземени мерки и активности, истото било сопрено и лишено од слобода, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „oдземање на моторно возило“ по член 242 став (1) од КЗ на РСМ.
При лишувањето од слобода извршено е алкотестирање, при што биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта. Исто така, било констатирано дека лицето управувало моторно возило без да поседува важечка возачка дозвола, со што постои основано сомнение дека е сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од КЗ на РСМ.
За настанот е известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

