Спорт
Стоп од Италија – Џенова нема да го пушти Пандев да игра за Македонија?

Италијанските медиуми тврдат дека повеќе клубови од Серија А ќе им забранат на своите фудбалери да одговорат на повикот на своите репрезентации, што значи дека капитенот Горан Пандев не би бил достапен за клучниот меч на Македонија против Грузија за пласман на Европското првенство во 2021 година.
Се работи за одлука на регионалните здравствени власти (АСЛ) во повеќе италијански региони, вклучувајќи ја и Лигурија, односно Џенова, каде што Пандев денеска играше против Рома. Според италијанските медиуми, покрај Џенова и Фиорентина, Сасуоло, Рома, Лацио и Интер им забраниле патување на своите странски фудбалери, бидејќи во овие клубови има барем еден позитивен на КОВИД-19. Оваа вест доаѓа по најавата на Наполи дека нема да го пуштат ниту Елиф Елмас да настапи против Грузија.
Останува да се види дали ќе има официјална потврда на оваа информација.
Positivi al Covid-19: le ASL regionali bloccano i nazionali di #Inter, #Genoa, #Fiorentina, #Lazio, #Roma e #Sassuolo https://t.co/x4tLzJ0uWx pic.twitter.com/qfd7K0Cwyl
— calciomercato.com (@cmdotcom) November 8, 2020
JUST IN:
Local health authorities have barred football players belonging to Fiorentina, Genoa, Inter, Lazio, Roma and Sassuolo to join national teams on international break as they must go back in quarantine as at least 1 case was found in their teams within last week
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) November 8, 2020
(2/2)
Players forbidden to join national teams from Serie A:
?? Mkhitaryan
?? Kumbulla, Strakosha
?? Handanovic, Zajc
?? De Vrij
?? Lukaku
?? Milenkovic, Kolarov, Vlahovic, Milinkovic-Savic
?? Perisic, Brozović
?? Eriksen, Schoene
?? Škriniar
?? Pandev
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) November 8, 2020
Players forbidden to join national teams from SerieA
?? Correa, Lautaro, Martinez Quarta,
?? Biraghi, Castrovilli, Cristante, Mancini, Gagliardini, Barella, D’Ambrosio, Darmian, Bastoni, Acerbi, Locatelli, Caputo, Berardi
?? Pulgar, Alexis Sanchez, Vidal
?? Dragowski
(1/2) https://t.co/tnazLBmatL
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) November 8, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Монако му нуди тригодишен договор на Миротиќ

Монако блеска оваа сезона во Евролигата, тие се на чекор до пласман на завршниот турнир, но во Кнежевството веќе размислуваат за засилувања за следната сезона.
Монако води со 2:0 во плејоф серијата од елитното натпреварување против Барселона и уште една победа би им обезбедила пласман на завршниот турнир во Абу Даби.
За следната сезона, според медиумите, прва желба е крилниот центар на Армани Милано, Никола Миротиќ.
Миротиќ не му донесе успех на Армани оваа сезона, но беше лидер на тимот на Еторе Месина.
Црногорецот со шпански пасош има договор со Миланезите уште една година, но има опција со која би можел да ја раскине соработката.
Како што објави новинарот Чема де Лукас, Монако е подготвен да му понуди тригодишна соработка на Миротиќ, кој оваа сезона постигнува 17,7 поени со 6,4 скока и две асистенции по натпревар.
Спорт
Реал е подготвен да го продаде Родриго

Крилниот напаѓач на Реал, Родриго, е на мета на критики поради лошата форма во последните два месеци.
Според извори блиски до клубот, доколку пристигне соодветна понуда ова лето, фудбалерот ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, пишуваат шпанските медиуми.
Тренерот Карло Анчелоти не е задоволен од играта на напаѓачот, кој постигна само четири гола на 30 натпревари оваа сезона.
И покрај довербата што му беше укажана на почетокот на сезоната, Родриго сезонава нема никакво влијание во играта на Реал, а исто така не е ефикасен во завршниците.
Навивачите исто така изразија незадоволство од неговите настапи, а некои од нив веруваат дека продажбата би била најдобрата опција за двете страни.
Клубот е отворен за преговори, но нема да прифати понуда под пазарната вредност на играчот.
Според „Трансфермаркт“, Бразилецот вреди 100 милиони евра.
Спорт
Реал Мадрид и Баер Леверкузен (веќе) имаат нови тренери

Еден ден откако беше објавено дека Карло Анчелоти постигнал договор со Бразилската фудбалска асоцијација, европските медиуми го промовираа не само новиот тренер на Реал, туку и новиот тренер на Баер Леверкузен.
Во Шпанија речиси и да не се доведува во прашање дека Чаби Алонсо, кој помина три сезони на „Бај Арена“ и минатата сезона оствари еден од најголемите подвизи во модерната историја на европскиот фудбал, ќе стане тренер на „кралскиот клуб“.
Алонсо во кариерата, пет сезони го носеше дресот на Реал, одигра 236 натпревари од и учествуваше во освојувањето на пет трофеи.
Алонсо долго време беше проектираниот наследник на Анчелоти, а се укажува на тоа дека и во Леверкузен биле подготвени. Според „Скај Спорт Германија“, Баск ќе го наследи Баскот на „Бај Арена“.
Баер следната сезона треба да го предводи Иманол Алгуасил Баренечеа, човек кој со голем успех го води првиот тим на Реал Сосиедад од 2018 година.
Иманол Алгуасил е континуирано ангажиран во Сан Себастијан од 2011 година, кога стана тренер на младинскиот тим, потоа асистент во „Б“ тимот, потоа и тренер на тимот „Б“ и на крај го презеде првиот тим.
Под водство на Алгуасил, Сосиедад заврши под 10-то место само во првата сезона, а потоа рангирањата беа: 9-то, 6-то, 5-то, 6-то, 4-то и 6-то место минатата сезона. Тие во катуелната сезона се наоѓаат на 10-то место.