Спорт
Интер на Реал им го понудиле Ериксен за Иско

Реал и Интер, во јануарскиот преоден рок подготвувале рамена на фудбалери. Кристијан Ериксен би се преселил во Мадрид, а Иско би тргнал на пат кон Торино. Информацијата ја објави „Калчомеркато“, повикувајќи се на извори блиски до управата на Интер.
Овој извор тврди дека тренерот на Интер Антонио Конте и спортскиот директор Бепе Марота, веќе стапиле во контакт со луѓето од Реал.
Кристијан Ериксен е незадоволен од статусот, не сака да биде резерва во Интер, додека по синоќешната катастрофална партија против Реал, прашање е кога Иско повторно ќе добие шанса од тренерот Зинедин Зидан.
Интерес за Иско покажува и Јувентус, односно тренерот Андреа Пирло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сабаленка ја одбрани титулата на Ју-ес опен

Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД.
Тенисерката број еден во светот ја победи Американката Аманда Анисимова во финалето со 6:3, 7:6.
Анисимова го загуби и второто гренд слем финале оваа година. Претходно на Вимблдон беше поразена од Ига Швионтек.
Со победата во Њујорк, Сабаленка успеа да освои три Гренд слем титули оваа година, не успеа само на почетокот на годината да го освои Отвореното првенство на Австралија.
Ова е нејзина осма Гренд слем титула во кариерата.
Foto/ EPA
Спорт
Сензација каква што не памети Европа – Финска ја елиминира Србија

Кошаркарите на Финска ја приредија најголемата сеозанција на Европското првенство во кошарка, во осминафиналетоо ја елиминираа Србија со победата 92:86. Херој на Финска е Валтунен, 26-годишниот копаркар на Гранада кој постигна осум поени во клуните моменти од натрпреварот.
Почетокот намечот ја навести сензацијата. Финсите отворија со 11:1, со домонација во скокот и одличен шут за три поени (6/11). Србите уште во првиот период бркаа довфифрен минус.
Србија успеа да фати ритам во вториот период, а со тројката на Мициќ замина на полувреме со плус од летири поени.
Третиот период им приладна повторно на Финците кои на преноста на Србија одгоровија со серија од седум поени и повторно ја презедоа доминација во скокот.
Драмата кулминираше во последните четири минути кога на водствот на Србија од четири поени, Финците одговорија со нова серија за плус 4. Потоа на сцена стапи Валтонен која на 53 секунди до крајот и донесе на Финска 78:82. Кога Марканен погоди две слободни за плус 6 јасно беше дека Финците ќе ја испратат Србија дома.
Залудни за Србија беа 33-те поени на Никола Јокиќ со осум скока. Проблем беше што само Никола Јовиќк имаше двоцифрен број на поени, 20. Од друга страна, Марканен го оправда статусот на прва ѕвезда на Финска со 29 поени и осум скока. Јантунен постигна 15, а Литл и големиот херој Валтонен постигнаа по 13 поени.
Финска во четвртфиналето го чека победникот од натпреварот Франција-Грузија, кој ќе се игра во недела.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Галатасарај по Гундоган го сака Чалханоглу

Галатасарај сака преодниот рок да го заврши со уште еден звучен трансфер. Преодниот рок во Турција трае до наредната недела. .
Галатасарај го потпиша Илкај Гундоган, а сега редот за врска сака да го засили со Хакан Чалханоглу.
Клубот понудил 17 милиони евра, но Интер нема намера да го пушти Турчинот, особено не за таа сума. Сепак, во Галатасарај се убедени дека Чалханоглу ќе дојде:
„Хакан сака да дојде кај нас, но околностите не се поволни. Сепак, ние сме уверени дека ќе дојде. Ако не денес, тогаш утре. Порано или подоцна, Чалханоглу ќе го носи дресот на Галатасарај. Нека ја погледне кариерата на Гундоган и нека таа биде негова ѕвезда водилка. Хакан е млад и ние ја почитуваме неговата желба да ја заврши кариерата кај нас“, соопшти раководството на Галатасарај.
Foto/ X