Македонија
Шекеринска: „Криволак“ ќе биде нашата лична карта во НАТО
Армискиот полигон „Криволак“ доби нов пат во должина од 33 километри со кој се отвора нов пристап од стрелиштето Пенуш кај Штип, а истовремено се обнови и патната инфраструктура во самиот полигон во должина од 15 километри.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која денеска беше во посета на „Криволак“, каде што работат инженерците на Армијата, информира за сработеното и за идните планови за овој капацитет за кој рече дека е дополнителен ресурс во колективната одбрана и безбедност на алијансата и наша лична карта во НАТО.
„Овие инвестиции значеа огромен напор, огромен труд и огромна волја, пред сè, од нашиот Генералштаб и од нашите инженерци што во изминатиот период секој работен ден го поминуваа на армискиот полигон ’Криволак’. Ја постигнавме нашата прва стратешка цел, а тоа е полигонот ’Криволак’ да го отвориме кон север и да го поврземе со стрелиштето Пенуш кај Штип за да можеме од две страни да пристапуваме кон полигонот и за да го ослободиме притисокот што досега постоеше исклучиво преку Неготино“, рече министерката.
Шекеринска им честита на инженерците за квалитетно извршената работа за која рече дека доколку не се работела со сопствени ресурси, туку комерцијално, би чинела 10 пати повеќе, односно наместо околу еден милион евра за целосно завршен проект, тој според процените би чинел 10 милиони евра. Додаде дека средствата што се потрошени се единствено за дневници, за храната што се обезбедува и за горивото, што уште еднаш ја потврдува паметната одлука беше донесена за инвестирање во инженериски машини, која овозможи инженерците да може самостојно да го реализираат овој проект.
Во однос на значењето на инфраструктурните зафати на полигонот за алијансата, министерката посочи дека со оваа инвестиција, со оваа обновена и нова инфраструктура, в година кога ќе се организира уште една голема вежба во соработка со Армијата на САД и неколку други армии во соседството, ќе имаме шанса да им покажеме колку сме го подобриле овој полигон за една година и тоа ќе го зголеми интересот за заедничка работа на ’Криволак’“.
Шекеринска најави финансиска поддршка од американската армија за дел од проектот и дека во првата половина од следната година очекуваме американски инженерци да им се приклучат на нашите инженерци во активностите за инфраструктурен развој на полигонот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

