Свет
Ерменија и Азербејџан потпишаа декларација за завршување на војната
Ерменија и Азербејџан синоќа потпишаа декларација за прекин на војната во Нагорно-Карабах во посредство на рускиот претседател, Владимир Путин.
„Донесов тешка, исклучително тешка одлука за мене лично и за сите нас. Потпишав декларација со претседателите на Русија и Азербејџан за прекин на војната, со почеток од 1 часот по полноќ“, напиша ерменскиот премиер Никол Пашинијан на „Фејсбук“.
Тој наведе дека за него и за ерменскиот народ декларацијата е исклучително болна, но додаде дека одлуката ја донел врз основа на темелна анализа на воената состојба и врз основа на процена на луѓето што најдобро разбираат што се случува на теренот.
По објавата за декларацијата, во Ерменија се случуваа насилни протести, при што демонстрантите упаднаа во владината зграда, a претседателот на парламентот е претепан и се наоѓа во сериозна состојба.
Сепак, и покрај декларацијата за завршување на војната во Нагорно-Карабах, ерменските и азербејџанските сили ќе останат на своите сегашни позиции. Рускиот претседател, Владимир Путин, рече дека Русија веќе упатила мировна мисија на оваа територија.
„Република Ерменија и Република Азербејџан ќе останат на своите сегашни позиции по должината на линијата на контакт во Нагорно-Карабах и по должината на коридорот што го поврзува Нагорно-Карабах со Република Ерменија“, рече Путин на заедничката прес-конференција во Москва со азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, и ерменскиот премиер, Никол Пашанијан.
Рускиот претседател истакна дека декларацијата за завршување на војната, потпишана од Баку, Ереван и Москва, на долг рок и на фер начин ќе помогне во решавање на спорот за Нагорно-Карабах и ќе биде во интерес на азербејџанскиот и ерменскиот народ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

