Свет
Британски експерт: Животот ќе се врати во нормала до пролет

По објавата на компанијата „Фајзер“ за новата вакцина, сер Џон Бел, професор на медицина на Универзитетот во Оксфорд и член на британскиот штаб за борба против коронавирусот, изрази верување дека животот треба да се нормализира до пролет в година.
Бел е познат како еден од најистакнатите британски медицински експерти, а неговите изјави и ставови имаат специфична тежина не само во Велика Британија туку и во многу други земји, наведува Би-би-си.
Бел изрази ентузијазам со објавата на фармацевтската компанија „Фајзер“ дека ефикасноста на вакцината се проценува на 90 проценти и додаде дека ќе има тешкотии во дистрибуцијата на новата вакцина, но дека тие тешкотии не се несовладливи.
Во интервју за Би-би-си на „Радио 4“, професорот Бел објави дека до крајот на годината и во првите месеци од следната година може да има повеќе од една вакцина во Велика Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Отсечени градови, куќи во вода: жителите качени на покривите во делови од Австралија

Силно невреме што ги погоди југоисточните делови на Австралија предизвика ненадејни поплави што изолираа неколку градови во внатрешноста на земјата, а некои жители мораа да се засолнат на покривите од своите куќи, соопштија локалните власти.
Руралните заедници во регионите Хантер и Среден Северн Коуст во Нов Јужен Велс беа најизложени на ризик, објави Ројтерс.
Во некои области, во текот на претходните 24 часа наврнале повеќе од количеството на четиримесечни врнежи.
„Се справуваме со огромна количина дожд. Земјата е веќе заситена со вода, реките се прелеваат, а дождот едноставно не престанува“, рече министерот за вонредни ситуации на Нов Јужен Велс, Џихад Диб.
20.05.2025#Australia#Flooding in the Mid North Coast and Hunter Region of #NSW.Thousands of homes without power. More than 270mm of rain fell in several locations in less than 24 hours. SES responded to 1,400 incidents.4,000 homes across the state were left without power. https://t.co/pNzN95p13q pic.twitter.com/tjVG4tM0Wi
— Climate Review (@ClimateRe50366) May 21, 2025
Австралискиот метеоролошки институт предупреди дека во следните 24 часа може да наврнат до 300 милиметри дожд, што е три пати повеќе од просечните врнежи во мај.
Во градовите Тара и Гленторн, на реката Менинг, северно од Сиднеј, луѓето се качуваа на веранди и покриви, додека спасувачките екипи имаа тешкотии да стигнат до нив со брод и од воздух во текот на ноќта.
Комесарот за итни служби, Мајк Весинг, изјави дека приоритет е да се спасат најранливите и оние кои не можат да ги напуштат своите домови.
„Во моментов се фокусираме на луѓе кои се на покривите или на горниот кат од своите куќи“, рече Весинг.
Свет
Мразот се топи неповратно, се закануваат глобални миграции, покажуваат најновите студии

Дури и ако светот ја постигне навидум невозможната цел за ограничување на глобалното затоплување на 1,5°C над прединдустриските нивоа, ледените покривки на Гренланд и Антарктикот ќе продолжат незапирливо да се топат, што би можело да предизвика зголемување на нивото на морето за неколку метри и масовни миграции од крајбрежните области, покажува ново меѓународно истражување.
Научниците се обидоа да утврдат која е „безбедната граница“ на затоплување за да преживеат големите ледени маси. Тие анализирале податоци од сателити, климатски модели, ледени јадра, седименти од длабоко море, па дури и ДНК од лигњи.
Заклучокот е загрижувачки. Дури и сегашното ниво на затоплување од 1,2 °C би можело да предизвика брзо повлекување на ледените маси и катастрофално зголемување на нивото на морето, според трудот објавен во списанието „Communications Earth and Environment“.
Околу 230 милиони луѓе денес живеат на надморска височина помала од 1 метар. Дури и малите промени во волуменот на мразот „значително ги менуваат крајбрежјата низ целиот свет“, предизвикувајќи раселување на стотици милиони луѓе и штета што го надминува адаптивниот капацитет.
Научниците проценуваат дека до крајот на векот, нивото на морето би можело да се покачи за 1 см годишно, што значи 40 см за само 100 години.
„Ова би значело масовни миграции на населението во размер без преседан во модерната историја“, рече Џонатан Бамбер, глациолог на Универзитетот во Бристол и коавтор на студијата.
Особено загрижувачки е фактот што проценетите безбедносни прагови за ледените маси постојано се намалуваат со напредокот на науката. Додека претходните модели предвидуваа дека, на пример, Гренланд би можел да се сруши на +3 °C, денес се проценува дека +1,5 °C би било доволно.
Според авторите, единствениот начин да се спречи колапсот на ледените покривки е да се ограничи затоплувањето на близу 1°C, што би барало драстично намалување на емисиите и целосен премин од фосилните горива, нешто што изгледа многу малку веројатно со оглед на сегашните глобални политики.
„Веќе гледаме како се остваруваат некои од најлошите сценарија во однос на губењето на мразот“, рече Стоукс.
„Нема многу што би ни дало надеж. Во најдобар случај, нивото на морето ќе се зголемува бавно.“
Авторите нагласуваат дека нивните наоди не значат дека климатските цели треба да се напуштат. Секоја десетина од затоплувањето значи разлика во последиците што ќе ги доживееме.
„Ограничувањето на затоплувањето на 1,5 степени сепак би било огромен успех. Треба да продолжиме да се стремиме кон тоа, но да не очекуваме дека тоа ќе го запре покачувањето на нивото на морето“, заклучува Стоукс.
Свет
Пакистан и Кина се договорија за поголема соработка во трговијата и инвестициите

Пакистан денес објави дека се согласил да ја продлабочи трговијата и инвестициите со Кина, неколку дена по завршувањето на смртоносниот спор со Индија, за кој Пекинг инсистираше дека е решен преку дијалог.
Вечните соперници Индија и Пакистан се согласија на прекин на огнот на 10 мај, по четиридневни борби, најлошите во речиси три децении. Тензиите меѓу нуклеарно вооружените соседи ескалираа по нападот во индискиот дел од Кашмир на 22 април, во кој загинаа 26 лица. Индија го обвинува Пакистан за нападот, но Исламабад негира каква било вмешаност.
Пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар вчера во Пекинг се сретна со својот колега Ванг Ји. „Кина ги поздравува и поддржува напорите на Пакистан и Индија за решавање на нивните разлики преку дијалог и постигнување на сеопфатен и траен прекин на огнот“, рече Ванг.
Ванг му кажал на Дар дека Кина ќе го поддржи Пакистан во заштитата на неговиот национален суверенитет и територијален интегритет, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи. Освен што одржуваат блиска комуникација, двете земји се согласија за поголема соработка во трговијата, инвестициите, земјоделството, индустријализацијата и други сектори, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи.