Свет
Трамп: Тие ја криеја вакцината за да не победам
Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно проговори, овој пат со обвинувања дека се криела веста за ефикасната вакцина против коронавирусот за да не победи на изборите.
Имено, како што објави во новата серија твитови, компанијата „Фајзер“ и другите само чекале да завршат изборите за да најават откривање ефикасна вакцина против коронавирусот.
„Тие немаа храброст да го сторат тоа порано“, рече Трамп додавајќи дека американската Агенција за лекови требала да го објави тоа порано не од политички причини, туку за да може да се спасат животи.
As I have long said, @Pfizer and the others would only announce a Vaccine after the Election, because they didn’t have the courage to do it before. Likewise, the @US_FDA should have announced it earlier, not for political purposes, but for saving lives!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 10, 2020
Тој додаде дека споменатата агенција и Демократската партија не сакале тој да забележи победа со откривањето на вакцината, туку чекале пет дена за да ја објават.
The @US_FDA and the Democrats didn’t want to have me get a Vaccine WIN, prior to the election, so instead it came out five days later – As I’ve said all along!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 10, 2020
Како што се очекуваше, Трамп го спомна (идниот претседател) Бајден.
If Joe Biden were President, you wouldn’t have the Vaccine for another four years, nor would the @US_FDA have ever approved it so quickly. The bureaucracy would have destroyed millions of lives!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 10, 2020
„Да беше Бајден претседател, немаше да имате вакцина уште четири години, ниту ФДА ќе ја одобреше толку бргу. Бирократијата ќе уништеше милиони животи“, рече тој.
Трамп, се разбира, не застана тука. Тој ги нападна и медиумите затоа што, како што рече, прогнозата на изборните резултати беше толку лоша што, всушност, претставуваше мешање во изборите и тие требаше да бидат oтповикани поради тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.

